Германците тестираат електрично возило што се полни за време на возење

Старт ап компанија од Минхен ова лето ги искористува предностите на силното баварско сонце за да ги спроведе последните тестирања на системот за напојување за својот модел „Сион“, електрично возило што се полни за време на возење преку соларни ќелии. Иако Германија веројатно нема да го реализира проектираното ниво од вкупно милион електрични возила на своите патишта до 2020 година,...

МВР му го укина обезбедувањето и на Никола Тодоров

МВР го укина и последното лично обезбедување на функционери од поранешната влада. Од МВР за МИА потврдија дека по направени безбедносни проценки не постои безбедносен ризик врз поранешниот министер за здравство Никола Тодоров и поради тоа е укинато. - Од поранешните функционери обезбедување се уште користи само поранешниот претседател на Владата Никола Груевски. Нему му следува обезбедување толку години колку...

ДИК планира да потроши безмалку 170 милиони денари за референдумот

ДИК планира да потроши 169.770.000 денари за целосно спроведување на референдумот за Договорот со Грција што треба да се одржи на 30 септември. Како што образложи денеска претседателот на Комисијата Оливер Дерковски тоа е намалување за 20 проценти во однос на средствата одобрени од Собранието на РМ во износ од 210 милиони денари.  - ДИК има обврска да донесе финансиски план за...

„Спејс екс“ направи значителен чекор кон супербрзото лансирање

Ракетата „Фалкон 9“ испрати индонезиски телекомуникациски сателит во орбитата, по лансирањето од Кејп Канаверал, САД, во петнаесеттата мисија на „Спејс екс“ годинава.  Се смета дека оваа мисија претставува значителен чекор кон повторната употреба на ракетите во рекордно кратко време, откако беше лансирана ракетата „Блок 5“ која првобитно беше употребена во мај. Повторното лансирање по 24 часа претставува цел на извршниот директор...

Жител на гостиварско Корито застрелан во стомак од огнено оружје

Триесет и четиригодишен жител на гостиварското село Корито вчера бил застрелан од огнено оружје во пределот на стомакот. Од МВР соопштија дека околу 17:30 часот во Центарот за известување и команда Тетово, од Ургентниот центар Гостивар, било пријавено дека кај нив бил донесен А.Ш. со повреда од огнено оружје во пределот на десната страна на стомакот. Повредениот со возило на итна...

Тројца охриѓани краделе градежни материјали од магацин

Тројца охриѓани во период од четири месеци ограбувале магацин со градежни материјали при што се стекнале со противправна имотна корист од над 5.000 евра. Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против А.З.(58), В.З.(52) и Ш.Ш.(83), сите од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба”. Пријавените во периодот од април до...

Кривична пријава за ревизорка за непријавување корупција

Ревизорка од општина Радовиш заработи кривична пријава за непријавување корупција и измама во постапката за јавни набавки од 2013 година во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш. Како што соопшти МВР, Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против Ј.К. (36) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“.  Ј.К. како раководител на Одделение...

Научна и уметничка визита во Куќата на Уранија

Научната и уметничка визита, која се одржува во Куќата на Уранија-МАНУ во Охрид, ќе почне денеска, со изложба на ракописи и епиграфски споменици. До крајот на манифестацијата, на 27 август, ќе има уште шест настани. Изложбата за отворањето е насловена „Македонска писменост: од доаѓањето на св. Климент во Македонија до потпаѓањето на Самуиловото Царство под византиска власт (886 - 1018)“....

Книга за поетското и есеистичкото послание на Блаже Конески

„Поетското и есеистичкото послание на Блаже Конески“ е насловена книгата на Веле Смилевски, во издание на „Дијалог“, која е објавена по повод 30-годишнината од објавувањето на тестаменталната стихозбирка „Посланија“ на Блаже Конески, едно од најзначајните остварувања во современата македонска поезија. - Во студијата на Веле Смилевски одредницата послание е поврзувачката компонента во синтетизирањето на значењата и пораките од поетското и...

Вучиќ: Потребно е решение за Косово што побргу

Српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредната конференција за новинарите изјави дека на Србија и е потребно решение за Косово што побргу, како и дека не постои лесно, едноставно и безболно решение за овој проблем. - Јас такво решение никогаш не сум ветил, нити такво решение постои, освен за несериозните и недговорните луѓе - изјави Вучиќ. Тој потсети дека Белград ги има...