Се пребројуваат и се ставаат идентификациски броеви на кучињата во Кичево

Во Општина Кичево веќе два месеци се одвива акцијата за хуман третман на кучињата-скитници, за што беше ангажирана Ветеринарната клиника ИНО-ВЕТ од Куманово. Од почетокот на оваа кампања регистрирани се помал број на напади од кучиња-скитници врз граѓаните на Кичево, за разлика од периодот пред тоа. Уште извесен период ќе биде потребен со оваа акција да се опфатат сите...

Девет лица починаа во Србија од западнонилска треска 

Во Србија годинава се регистрирани 102 случаи на лица заболени од Западнонилска трска, од кои починале деветмина, соопшти денеска српскиот Институт за јавно здравје „Др. Милан Јовановиќ - Батут“. Според податоците на Институтот, петмина од починатите се од реонот на Белград, а останатите четворица од Војводина. Сите заболени лица се жители на Војводина, Белград или реонот долж течението на Дунав.  Западнонилската треска...

Манчестер јунајтед ја одби понудата на Барселона за Пол Погба

Раководството на Манчестер јунајтед ја одби понудата на Барселона за купување на фудбалерот Пол Погба. Шпанскиот клуб за трансферот на Погба понудил 50 милиони евра, како и правата за фудбалерите Јери Мина и Андре Гомеш. Но, раководството на Јунајтед и тренерот Жозе Мурињо не ја прифатија понудата бидејќи очекуваат францускиот репрезентативец во следните сезони да има значајна улога во тимот. Погба во...

Тачи бара референдум за „корекција на границата“ со Србија

Косовскиот претседател Хашим Тачи попладнево ги повтори своите заложби за „корекција на границата со Србија“, нагласувајќи дека неговиот предлог не е за размена на територии, туку за припојување на Прешевската Долина кон Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Ни половина час по изјавата на премиерот Рамуш Харадинај, дека единствен начин да се променат границите е со војна, Тачи, преку...

Уапсени три новинарки поради незаконско преземање содржини од БЕЛТА

Три новинарки  денеска се уапсени во главниот град на Белорусија, Минск по извршен претрес во редакциите на два независни медиуми. Новинарките се приведени бидејќи користеле материјали од државната новинска агенција БЕЛТА без да бидат претплатници. Две од приведените новинарки работеле во порталот „Tut.By“, а третата е новинарка во новинската агенција „BelaPan“. Двата медиуми се осомничени дека незаконски користеле услуги од агенцијата...

Бројот на жители во Австралија достигна 25 милиони

Речиси една деценија пред предвидениот рок, бројот на жители на Австралија достигна 25 милиони. Како главна причина за ова се посочуваат стотиците илјади мигранти кои секоја година пристигнуваат во земјата. Според последните податоци на Владата во Канбера, секоја минута по едно лице пристигнува во Австралија, а тоа го поттикнува побарувањето на пазарот на недвижности, потрошувачката на автомобили, потребата за училишта, болници...

Харадинај: Границите може да се променат единствено со војна

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска повторно се спротивстави на заложбите на претседателот на Косово, Хашим Тачи за корекции на границата со Србија, порачувајќи дека границите може да се променат единствено со војна. - Границите се воспоставени со војна и само со војна можат да се променат. Греши тој што мисли дека можат да се поместат поинаку - изјави Харадинај во...

Општина Аеродром во јуни ја предала докуметацијата на СЈО

Специјалното јавно обвинителство за потребите на предистражна постапка во текот на јуни годинава побарала  од општина Аеродром да достави документација за нивното работење. Во текот на јуни, како што соопштија за МИА од Општината, од страна на Специјалното јавно обвинителство е доставено писмено барање за доставување документација од Општината. Во дадениот рок, од 20-тина дена, односно, исто така, во јуни годинава...

МВР: Спасовски ќе побара разрешување на Велковски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски до Владата на Република Македонија ќе поднесе предлог за разрешување на директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, соопшти денеска МВР.  Службеното возило „Ренџ Ровер Дискавери Спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ, како што соопшти МВР, на 2 август по спроведената истрага од страна на Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди е констатирано...

Утврдени хигиенски пропусти во „Специјал“

Утврдени се пропусти во спроведувањето на добрата хигиенска пракса во продавницата „Специјал“ во центарот на Скопје, покажаа инспекциските контроли на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Како што изјави за МИА директорот на АХВ Зоран Атанасов, дуќанот нема да се затвори, изречена е само корективна мерка-едукација. Ако во некои следни контроли повторно се утврди каков било пропуст, ќе следува парична...