Најмалку 12 лица повредени во пожар во Германија
Во близина на градот Зигбург, југозападна Германија денеска се запали трева покрај пругата, по што пожарот брзо се рашири до блиската станбена зона, при што 12 лица се повредени.
Околу 300 пожарникари се справуваат со огнот.
Властите претходно соопштија дека причина за пожарот најверојатно е искра од возот во движење. Но, подоцна објавија дека се уште се утврдува причината за пожарот.
Во...
Илон Маск: Размислувам да ја претворам „Тесла“ во приватна фирма
Главниот извршен директор на „Тесла“, Илон Маск најави дека размислува да ја претвори компанијата во приватна фирма, набрзо откако се појави информација дека фонд од Саудиска Арабија купил удел во неа, јави ДПА.
Маск на Твитер објави дека размислувам да ја претвори „Тесла“ во приватна компанија за сума од 420 долари по акција.
- Финансирањето е обезбедно - дополни Маск.
По ваквите информации...
Најдобрите ученици од Кочани на бесплатно летување во Хрватска
Првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Кочани заминаа на островот Паг, Република Хрватска каде користат седумдневно бесплатно летување.
Ова е награда од Општина Кочани за успесите постигнати во школувањето. Летувањето на хрватското приморје е резултат на повеќегодишната соработка на збратимените општини Кочани и Крижевци.
– Поаѓајќи од идејата дека контактите и зближувањето на луѓето од двете општини е...
Реал ќе го тужи Интер за Лука Модриќ
Раководството на Реал Мадрид планира да поднесе тужба против Интер поради врбување на нивниот играч Лука Модриќ.
Од шпанскиот клуб реагираат на начинот на кој колегите од Милано се обидуваат да извршат притисок врз хрватскиот фудбалер да се пресели во Италија.
Во изминатите десетина дена во италијанските медиуми постојано се шират гласини за заминувањето на Модриќ.
Меѓу другото имаше написи дека наводно...
Леброн Џејмс не ја исклучува можноста да се врати во Кливленд
Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс, не ја исклучува можноста третпат во кариерата да се врати во неговиот прв клуб Кливленд Кавалирс.
Џејмс летово го напушти клубот од Охајо и потпиша четиригодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс вреден 154 милиони долари.
- Ниту едно поглавје не го затварам во целост - изјави Џејмс кој по истекот на договорот со...
Салвини и објави војна на мафијата во италијанското земјоделство
Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини денеска им објави војна на, како што рече, мафијашките мрежи кои организираат странци да работат на црно во земјоделскиот сектор во Италија.
Најавата на Салвини уследи откако при сообраќајни несреќи вчера и во саботата во јужната италијанска покраина Фоџа, загинаа 16 странци ангажирани како сезонски работници на земјоделските површини.
Според италијанските медиуми,...
Голем пожар во источна Холандија
Четири кампови во Холандија денеска се евакуирани поради пожар, што изби во рурално подрачје во источниот дел на земјата.
Службата за регионална безбедност наведе дека пожарникари од три провинции се справуваат со огнот во Ватерен, оддалечен околу 135 километри од Амстердам. Во гаснењето на пожарот вклучен е и воен хеликоптер.
Се уште нема информации дали некој е повреден и колкава материјална...
Започна одбележувањето на 17 години од Карпалак
Со полагање на цвеќиња на спомен обележјето во касарната „Мирче Ацев" и посета на спомен собата, вечерва во Прилеп започнаа одбележувањата по повод 17 години од масакрот кај Карпалак, во кој загинаа десетмината припадници на АРМ - Нане Наумоски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Веби Рушитоски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Дарко Велјаноски, Љубе Грујоски, Пецо Секулоски и Марко Деспотоски.
Почит на...
Финансиската полиција врши претрес во домот Стевчо Јакимовски
Финансиската полиција попладнево врши претрес во домот на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во Скопје.
Од Финансиската полицијата наведуваат дека ќе соопштаат повеќе информации по завршување на акцијата.
Мицкоски: До 10 септември ќе се знае ставот на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека до 10 септември ќе соопшти дали ќе го повика на бојкот членството, дали ќе гласа против или ќе го поддржи референдумот за името на 30 септември.
- Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ нема став по ова прашање. Во минатото во многу наврати го има кажано и повторено својот став што се однесува...









































