Фото: АФМ

АТЛЕТИКА

Огнен Стефановски постави нов македонски рекорд во десетобој со освоени 7.207 поени, на Балканското првенство во атлетика, во Волос (Грција). Со тоа тој повторно го подобри сопствениот и национален рекорд во таа дисциплина и го освои високото четврто место во мошне силна меѓународна конкуренција.

Блиску до медал беше и Андреас Трајковски, кој, исто така, го освои одличното четврто место, во дисциплината скок во далечина, во многу силна конкуренција. Трајковски стигна до пласман меѓу најдобрите четворица со скок од 7,68 метри, потврдувајќи ги својата константност и квалитет на балканската сцена.

Претходно македонскиот атлетски репрезентативец Јован Стојоски оствари нов голем успех на оваа Балканијада, поставувајќи нов македонски рекорд во трката на 400 метри со пречки. Тој ја истрча оваа делница со време од 51,78 секунда, со што го подобри сопствениот национален рекорд, кој досега беше 52,23 секунди, а го постави неодамна, информираат од Атлетската федерација на Македонија (АФМ). Г.И.