Фото: Пиксабеј

Едноставна мешавина од овошје и зачини може да ги замени класичните освежувачи на просторот. Мирисот се шири низ целиот дом за помалку од половина час и трае многу долго. Комбинациите на состојки лесно се приспособуваат на секое годишно време.

Постојат мали нешта што го претвораат домот во место на кое секогаш сме среќни да се вратиме, а пријатниот мирис сигурно е меѓу нив. Многумина велат дека мирисот е тој што создава чувство на топлина и удобност, па затоа не е изненадувачки што сè повеќе луѓе бараат природни начини за да направат нивниот стан секогаш да мириса свежо и пријатно. Наместо да купувате освежувачи за соба, кои често содржат вештачки мириси, еден едноставен трик станува сè попопуларен, кој е направен од состојки што повеќето луѓе веќе ги имаат во својата кујна. Потребни се само вода, овошје и неколку зачини, а резултатот е дом исполнет со пријатни ароми што траат со часови.

Еден од најпопуларните трикови во последниве години е мирислива мешавина што нежно се загрева на шпоретот и природно ја шири аромата низ целиот стан.
Блогерката Сара Симондс истакнува дека овие комбинации можат да се приспособат на секое годишно време и расположение. На пример: лимонот и лавандата внесуваат чувство на свежина и леснотија, јаболкото и циметот создаваат топла есенска атмосфера, портокалот и каранфилчето потсетуваат на празници и зимска магија.