Јакимовски приведен, ќе биде изведен пред судија на претходна постапка
Поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски синоќа е приведен и се наоѓа во една од полициските станици во Скопје. До крајот на денот се очекува тој да биде изведен пред судија на претходна постапка.
- Стевчо Јакимовски синоќа околу 23 и 30 минути е лишен од слобода. Согласно Законот за кривична постапка течат роковите и во наредните 24 часа тој...
Македонија 27-ма по извоз на домати во светот, 33-та по извоз на лубеници
Македонија е на 27 место во светот според извозот на домати, а на 33-то според извозот на лубеници, објави специјализираниот меѓународен сајт за статистика www.worldstopexports.com.
Минатата година земјава извезла домати во вредност од 17,1 милион долари што е 0,2 од светскиот извоз, а извозот на лубеници достигнал 2,9 милиони или, исто така, 0,2 процента од светскиот извоз.
По увозот на домати...
Денеска се празнува Света Петка – Летна
Денеска се празнува Света преподобна маченица Параскева-Света Петка, 8.VIII/26.VII.
Култот кон Света Петка - Летна кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести.
Во православниот каландар постојат три личности со исто име Света Параскева - Петка, поради што кај народот најчесто се мешаат и се мисли дека се работи за...
Од утре почнува увидот во Избирачкиот список за референдумот
Од утре (9 август) почнува проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот на 30 септември. Увидот ќе трае до 23 август 2018 година до 24.00 часот.
ДИК ги повика граѓаните да ги проверат податоците во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во него. Проверката на податоците може...
Нов пожар во источниот дел на областа Атика
Од 6.40 часот утрово по локално време, грчката противпожарна служба, со девет пожарникари, три возила и еден хеликоптер го гаси шумскиот пожар што изби во населбата Неа Макри, во источниот дел на областа Атика.
Неа Макри се наоѓа многу блиску до населбите што беа зафатени од катастрофалните пожари на 23 јули, во кои животот го загубија над 90 лица.
Како што...
Кој ќе гласа, а кој ќе го бојкотира референдумот на 30 септември?
Мнозинството граѓани ќе излезат да гласаат на референдумот на 30 септември, за кој ДИК планира да потроши 169.770.000 денари.
Поддршка на референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“ би дале 41,5 проценти, а против се изјасниле 35,1 проценти, покажуваат резултатите од испитувањето на јавното мислење кое за...
Седумнаесет години од загинувањето на 10-те бранители на Карпалак
Со положување цвеќе пред спомен-плочата во месноста Карпалак и во комплексот „Карпалак“ во Прилеп денеска ќе бидат одбележат 17 години од загинувањето на 10 – те бранители на Карпалак во 2001 година.
Кај месноста Карпалак и пред комплексот во центарот на Прилеп венци ќе положат собраниска делегација во состав Кети Смилевска и Татјана Лалчевска и заедничка делегација од Министерството за одбрана и Армијата...
Јакимовски на распит во Кривичен суд
Поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски, по извршениот претрес во неколку објекти на неговото семејство од страна на Финансиската полиција, ноќеска е однесен на распит кај судија на претходно постапка во Кривичниот суд.
Од Судот засега нема официјални информации за епилогот од распитот. Нема потврда ниту за информацијата што ја објавија дел од медиумите, дека е побаран притвор за...
Сончево и топло време
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб североисточен ветер.
Дневната температура ќе се движи од 27 до 37 степени.
Краткотраен локален дожд се очекува во попладневните часови во крајните западни делови од земјата.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со темература до 37 степени. УВ-индексот ќе биде 9.
Коста: Невозможно е да се следи Роналдо на тренинзите
Бразилскиот фудбалер Даглас Коста призна дека е невозможно да се следи Кристијано Роналдо на тренинзите.
Коста и Роналдо од неодамна се соиграчи во Јувентус, а бразилскиот репрезентативец не ги криеше импресиите за работењето со еден од најдобрите играчи во светот.
- Невозможно е да го следи Кристијано Роналдо на тренинзите. Кога стигнавме тој веќе тренираше, а и откако заминавме продолжи да...








































