Иран ја предупреди Северна Кореја да биде претпазлива со САД и Трамп

Иран го предупреди севернокорнокорејскиот лидер Ким Џонг-ун пред утрешната средба во Сингапур да биде внимателен „поради непредвидливоста“ на американскиот претседател Доналд Трамп. - Ја поздравуваме секоја иницијатива за мир, стабилност и безбедност на Корејскиот полуостров. Сепак Северна Кореја треба да внимава со САД и особено со Трамп- рече на прес-конференција портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Бахрам Гасеми. - Што...

Наталија Ориеро пее на руски во новото видео посветено на СП 2018

Наталија Ореиро, уругвајската актерка, пејачка и модна дизанјерка објави ново видео за песната „Обединети од љубов“ – посветено на Светското првенство во кое покрај тоа што пее на англиски и на шпански, пее и на руски. Згора на тоа, таа носи руски народен украс за глава наречен кокошник. Ореиро призна дека нема само да навива за репрезентацијата на Уругвај, туку и...

Валандово е подготвено да отстапи простор за лицата со попреченост

Градоначалникот на Валандово Перо Костадинов потврди дека Општината е подготвена да отстапи простор за лицата со попреченост кои требаше да бидат сместени во неготинското село Темјаник. - Останувам на мојот став објавен на социјалната мрежа фејсбук дека општина Валандово е подготвена да отстапи простор и да создава услови за хумани дневни центри за лицата со попреченост- изјави Костадинов. И да нема...

Без вода утре дел од Центар и Аеродром

Без вода утре од девет часот ќе останат дел од корисниците од булеварот „ Партизански одреди“ бр. 36 и од улицата „Црвена вода“.  Како што информира РЦУК-Скопје, прекинот е поради изведување приклучок на водоводна мрежа на булеварот „Партизански одреди“ бр. 36.  Поради дефект на водоводна цевка на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ пред маркетот „Рептил“, без вода или со намален притисок на водата од девет...

Фото: Пожар на аеродромот во Франкфурт

Дестмина вработени на аеродромот во Франкфурт беа полесно повредени денеска, откако се запали возило додека влечело еден авион.  Причините за пожарот засега не се познати.  Огнот од возилото предизвикал и оштетувања на пилотската кабина на авионот, кој во моментот бил празен.  Пожарот не предизвикал проблеми или застој во сообраќајот на аеродромот во Франкфурт, кој е еден од најпрометните во Европа.

САД воведоа санкции за руски бизнисмени и компании 

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции против руски бизнисмени и компании за спроведување кибер напади и поддржување на руската армија и разузнавачките служби „со други злонамерни акции“. Министерството за финансии на САД соопшти дека санкционира пет руски фирми и тројца нивни раководители согласно закон усвоен минатата година и претседателски указ за казнување на обиди за упади во американски...

Уставниот суд дозволи Рамуш двојно да си ја зголеми платата

Уставниот суд на Косово попладнево донесе одлука со која на косовскиот премиер Рамуш Харадинај му се дозволува двојно да си ја зголеми сопствената и платите на членовите на неговиот Кабинет, јави дописникот на МИА од Приштина. Ова значи дека нема ништо спорно во одлуката од декември минатата година, со која Харадинај си ја покачи платата од 1.400 на 2.950 евра,...

Во Црна Гора продадени луксузни станови за биткоини

Компаниите АМИА и Стратекс Груп продадоа три од своите луксузни станови во Завала и во деловно-станбениот комплекс „Дукли резиденс“ во близина на Стариот град за вкупно 420 биткоини, што е прва голема трговија со недвижности во дигитална валута не само во Црна Гора, туку и во Европа. Како што пишува „Вјести“, во договорите за недвижностите како вредност е наведен износ од...

ККР ќе ја купи медицинската компанија Енвижн за 9,9 милијарди долари

Американскиот инвестициски фонд ККР ќе ја купи компанијата за медицински услуги Енвижн хелткеа (Envision Healthcare Corp) за околу 9,9 милијарди долари. ККР, кој е присутен и во регионот на Западен Балкан, ќе плати 46 долари по акција според договорот кој би требало да биде склучен во четвртото тримесечие. Вкупната цена ги опфаќа и долговите на компанијата. Енвижн, со седиште во Нешвил, претходно...

Митрополит Антониј: Статусот на МПЦ не е само црковно прашање

Прашањето за автокефалноста на Македонската православна црква треба да биде уредено заеднички од сите православни цркви, а Бугарската православна црква не може да ја признае еднострано.  Ова го порача бугарскиот митрополит Антониј денеска во интервју за БТА.  Нагласи дека ова прашање е повеќедимензионално, односно дел од него е политичко. - Има ред други прашања, кои се чисто политички и се однесуваат на...