Силјановска-Давкова на состанок на Европската политичка заедница во Копенхаген
Зајакнувањето на Украина, општата безбедносна ситуација во Европа и можностите за посилен и побезбеден европски континент во актуелната геополитичка реалност ќе бидат главни теми на денешниот состанок Европската политичка заедница во Копенхаген, на кој ќе учествува и македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова.
Овој седми собир на Европската политичка заедница ќе започне со пленарната сесија, по што ќе следат неколку дискусии на...
НАСА испраќа над 15.000 вработени на принудно отсуство поради запирање на работата на владата
Американската вселенска агенција НАСА денеска испрати околу 15.000 од своите 18.218 цивилни вработени на неплатен одмор и ги суспендираше повеќето од своите активности, откако американската федерална влада беше блокирана поради неуспехот да се донесе буџет во Конгресот.
Според планот за континуитет на работењето на НАСА, агенцијата ќе ги затвори сите небитни системи, ќе ги обезбеди објектите и ќе издаде формални...
Трамп прогласи „повторно будење“ на „воинствениот дух“ и даде цврста поддршка за армијата
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска им порача на високите воени лидери дека ја имаат неговата непоколеблива поддршка, додека тој настојува да го оживее „воинствениот дух“ во американската војска.
Трамп ја пренесе својата, како што ја нарече, „многу едноставна“ порака на Универзитетот на маринците во базата Квантико, во Вирџинија - објави „Фокс Њуз“.
- Ние сме тим. Мојата порака до вас е...
Елена Васова, добитничка на наградата „Милан Младеновиќ“ снима деби-албум
Откако ги заврши промотивните обврски по добивањето на наградата „Милан Младеновиќ“ во Макарска, Хрватска и во Белград, Србија, актуелнава победничка, на овој регионален музички натпревар, македонската авторка и пејачка Елена Васова конечно се врати дома.
Според најавите, периодов Елена ќе им се посвети на македонските медиуми, но и на својот деби-албум. Ја чекаат интервјуата, гостувања на телевизии, ..., но и многу нова музика која допрва треба да биде снимена. Тоа се песните кои доаѓаат по...
Промовирана бележитата епистоларна проза „Проникнување“
Нова книга на Епископот Давид (Нинов) и проф. Синоличка Трпкова
Уметничкиот кружок „Кино Дирижабл“ наметна изострени критериуми
На 30 Септември, во исполнетата сала на Салонот 19:19 (КИЦ - Скопје), се одржа една несекојдневно убава промоција на бележитата книга „Проникнување“, епистоларна проза на Епископот Давид (Нинов) и проф. Синоличка Трпкова. Книгата ја отпечати книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје, оваа 2025 година. Целиот...
Една грешка и Европа ќе гори, предупредува Орбан
Третата светска војна може да започне во секое време ако една од големите сили направи грешка - изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
- Ситуацијата во моментов е таква што светска војна може да избувне поради една грешка. Конфликтот е толку напнат што ако еден од големите играчи, земја поголема од Унгарија, направи грешка, сè е можно, дури и светска војна....
Повеќекратно ќе се зголемат казните за прекршување на Законот за нефер трговски практики, истакна Ристески
Има предлог, кој со сигурност ќе го прифатиме за повеќекратно да се зголемат казните, од сегашните 20 000 евра, за непочитувањето на Законот за нефер трговски практики - најави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.
Ристески денеска имаше средба со бизнисмените од прилепската регионална стопанска комора.
-Еден од предлозите, кој сигурно ќе го прифатиме за поголемо почитување на Законот...
Марјановиќ: Има пари за терапија за пациентите со рак на дојка, ама треба да се менува начинот на набавка
Здружението „Хемаонко“ денеска организираше појадок и дружење со пациентките со рак на дојка со што го одбележа 1 октомври, почетокот на Месецот за борба против ракот на дојка. Ана Марјановиќ, од Здружението „Хемаонко“ во изјава за медиумите истакна дека годишно на Клиниката за онкологија се дијагностицираат околу 1.200 пациентки со рак на дојка, и дека пациентките се соочуваат со...
Свечен прв час на интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“
Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ – Скопје на 3 октомври 2025 година, во Кино салата на Кинотека на Македонија, со почеток во 12 часот, ќе го одржи Свечениот прв академски час, со кој ќе започне новата академска 2025/26 година, a воедно ќе биде означен почетокот на прославата на значајниот јубилеј –20 години од своето постоење.
Свеченоста ќе започне со поздравен говор...
Песков: Сѐ уште не е можна средба меѓу Путин и Зеленски затоа што Киев ги забавува преговорите
Средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски сè уште не е можна, бидејќи Киев не брза да ги продолжи преговорите со Руската Федерација, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
- Токму процесот на преговори на експертско ниво може да подготви разговори на високо ниво. Контактите на високо ниво сами по себе не можат да бидат цел,...






































