Повеќекратно ќе се зголемат казните за прекршување на Законот за нефер трговски практики, истакна Ристески
Има предлог, кој со сигурност ќе го прифатиме за повеќекратно да се зголемат казните, од сегашните 20 000 евра, за непочитувањето на Законот за нефер трговски практики - најави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.
Ристески денеска имаше средба со бизнисмените од прилепската регионална стопанска комора.
-Еден од предлозите, кој сигурно ќе го прифатиме за поголемо почитување на Законот...
Марјановиќ: Има пари за терапија за пациентите со рак на дојка, ама треба да се менува начинот на набавка
Здружението „Хемаонко“ денеска организираше појадок и дружење со пациентките со рак на дојка со што го одбележа 1 октомври, почетокот на Месецот за борба против ракот на дојка. Ана Марјановиќ, од Здружението „Хемаонко“ во изјава за медиумите истакна дека годишно на Клиниката за онкологија се дијагностицираат околу 1.200 пациентки со рак на дојка, и дека пациентките се соочуваат со...
Свечен прв час на интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“
Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ – Скопје на 3 октомври 2025 година, во Кино салата на Кинотека на Македонија, со почеток во 12 часот, ќе го одржи Свечениот прв академски час, со кој ќе започне новата академска 2025/26 година, a воедно ќе биде означен почетокот на прославата на значајниот јубилеј –20 години од своето постоење.
Свеченоста ќе започне со поздравен говор...
Песков: Сѐ уште не е можна средба меѓу Путин и Зеленски затоа што Киев ги забавува преговорите
Средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски сè уште не е можна, бидејќи Киев не брза да ги продолжи преговорите со Руската Федерација, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
- Токму процесот на преговори на експертско ниво може да подготви разговори на високо ниво. Контактите на високо ниво сами по себе не можат да бидат цел,...
Вработените од „Флораком“ и „Луна“ утре на протест поради неисплатена августовска плата
Трет ден, од 10 до 12 часот вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје и од друштвата со ограничена одговорност „Флораком“ и „Луна“, кои се фирми-ќерки на ова претпријатие, протестираа бидејќи во текот на вчерашниот ден не им беше исплатена августовската плата. Најавуваат протест и утре, на булевар „Илинден“, кај Матично.
- Се пристапи кон протест со блокирање на...
Кошта: Треба да ја мобилизираме нашата енергија за зголемување на сопствениот одбранбен капацитет
Денеска ќе имаме важна политичка дискусија за едни од главните грижи на европските граѓани - безбедноста и одбраната, при што на Комисијата ќе и дадеме политички насоки за претстојниот одбранбен план, изјави претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта пред почетокот на денешниот неформален Самит на ЕУ во Копенхаген.
- Дефиниравме девет главни приоритети, а сега доаѓаме до дискусија за конкретните...
Осумнаест лекари и здравствен персонал по изборите ќе ги добијат вработување во штипската Клиничка болница
Во завршна фаза е огласот за вработување на 18 лица во Клиничка болница - Штип, одлуката е донесена, но се чека завршување на Локалните избри. Директорот на Клиничка болница- Штип, Владко Захариев денеска изјави дека во процедура е уште еден оглас со кој би требало да се вработат нови 25 лица. Со овој оглас акцентот се става на техничкиот...
Судењето за случајот „Штекли“ одложено за 9 октомври
Судењето за случајот „Штекли“, во кој повеќе лица се обвинети за организирана продажба на дрога, се одложува за 9 октомври, на барање на адвокатот на првообвинетиот Раде Трајковски Штекли.
Штекли пред почетокот на денешното рочиште имал некој вид на епилептичен напад и паднал во судница. По укажана помош од лекари од брза помош, Штекли одбил да прими терапија, а Судот...
Сијарто за РТС: Двојни стандарди во ЕУ кон Србија, но и во однос на блокадите кон Македонија
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека е очигледно оти Европската Унија применува двојни стандарди во процесот на проширување, посочувајќи на диспропорцијата во третманот на Србија, но и на пречките во интеграцијата на Македонија.
Во интервју за српската јавна телевизија РТС, Сијарто ја истакна диспропорцијата во третманот на Србија во споредба со другите земји-кандидати.
- Мислам дека за сите...
Миневски: Мораме да се вратиме на вистинските книжевни вредности
За да го зачуваат своето „јас“, својата внатрешна состојба и душевна сила, младите читатели мора да се посветат на темелните вредности, да се вратат на книжевноста која со векови покажувала дека е столб на секое општество и на секоја култура, вели за МИА македонскиот раскажувач, романописец и драматург Блаже Миневски кој годинава ја доби наградата „BOOKSTAR“ за збирката раскази...





































