Карлсен и Хоу и понатаму котираат највисоко
ШАХ - РЕЈТИНГ-ЛИСТА НА ФИДЕ ЗА ОКТОМВРИ
На македонските листи доминираат Романов во машка и Стојковска во женска конкуренција
Поранешните светски прваци, норвешкиот велемајстор (ВМ) Магнус Карлсен (2.839 рејтинг-поени) во машка и ВМ од Кина Јифан Хоу (2.617) во женска конкуренција и во октомври се први на ранг-листите на Светската шаховска федерација (ФИДЕ).
Кај шахистите втор е Американецот Хикару Накамура (2.816)...
Насилниците да не останат скриени зад „ѕидови на тишина и страв“
За природата на меѓучовечките односи, токсичноста и непредвидливоста на врските сведочат историјата и уметноста, а психата на човекот ниту Достоевски, ниту Фројд, ниту Јунг, ниту други влијателни мислители не успеваат целосно да ја расветлат, ама со сигурност знаеме дека врз неа може да се влијае со едукација, барем до извесен степен. Законите и институциите секако дека треба да...
Зошто ескалација кога сите се за мир?
Осврт на некои актуелни противречности поврзани со воениот конфликт во Украина
Ако сите засегнати страни сакаат склучување мир во Украина, зошто тогаш судирот наместо да деескалира, на теренот и во поширокиот регион се забележуваат елементи на ескалација? Каде води сето тоа?
Воздухопловните сили на украинската армија којзнае по кој пат вчера во Киев и голем број украински региони прогласија „воздушна...
Грчевски го објави поширокиот состав за пласман на ЕП 2026
РАКОМЕТ
Македонија преку овие квалификации ќе се обиде осми пат да биде дел од едно ЕП, а за ривали ги има Германија, Словенија и Белгија. Пласман на ЕП ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од секоја од шесте квалификациски групи и четирите најдобри меѓу третопласираните
Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави поширокиот состав со ракометарките на кои смета...
Еден лет, една визија: Скопје-Торонто
Македонија може да биде „хаб“ на Канада за целиот регион, не само поради својата географија туку и поради својата дијаспора, која со децении создава мостови на доверба, поради својот аеродром, кој не е презаситен како оние во големите метрополи, и поради својата способност како мала држава да понуди брза адаптација и флексибилни услови што не можат да ги...
Планирањето на денот е уметност на живеењето
Во морето од информации и обврски стана неопходно да се најдат начини за подобро организирање на времето, највредниот ресурс што не може да се акумулира, забрза или врати
Планирањето на денот не е само алатка туку и чин на самопочитување. Луѓето што не знаат колку е часот и кои редовно доцнат и не го планираат својот ден, веројатно не...
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 72
Бројот на жртви од земјотресот со јачина од 6,9 степени по Рихтер на Филипините се искачи на 72, информира денеска националната агенција за цивилна одбрана.
Бројот на повредени досега е 294, додаде агенцијата.
Владата продолжува да мобилизира екипи за спасување и пребарување. Локалните власти објаснија дека земјотресот бил плиток.
Силјановска-Давкова на состанок на Европската политичка заедница во Копенхаген
Зајакнувањето на Украина, општата безбедносна ситуација во Европа и можностите за посилен и побезбеден европски континент во актуелната геополитичка реалност ќе бидат главни теми на денешниот состанок Европската политичка заедница во Копенхаген, на кој ќе учествува и македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова.
Овој седми собир на Европската политичка заедница ќе започне со пленарната сесија, по што ќе следат неколку дискусии на...
НАСА испраќа над 15.000 вработени на принудно отсуство поради запирање на работата на владата
Американската вселенска агенција НАСА денеска испрати околу 15.000 од своите 18.218 цивилни вработени на неплатен одмор и ги суспендираше повеќето од своите активности, откако американската федерална влада беше блокирана поради неуспехот да се донесе буџет во Конгресот.
Според планот за континуитет на работењето на НАСА, агенцијата ќе ги затвори сите небитни системи, ќе ги обезбеди објектите и ќе издаде формални...
Трамп прогласи „повторно будење“ на „воинствениот дух“ и даде цврста поддршка за армијата
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска им порача на високите воени лидери дека ја имаат неговата непоколеблива поддршка, додека тој настојува да го оживее „воинствениот дух“ во американската војска.
Трамп ја пренесе својата, како што ја нарече, „многу едноставна“ порака на Универзитетот на маринците во базата Квантико, во Вирџинија - објави „Фокс Њуз“.
- Ние сме тим. Мојата порака до вас е...







































