Денеска во Кривичен треба да продолжи судењето за „Онкологија“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Одбраната на првообвинетиот Васев на минатото рочиште до Судот поднесе барање државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот или делегира на друго обвинителство. Со оглед дека...

Без напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, што се одржуваат во египетското летувалиште Шарм ел Шејк, заврши без видлив напредок, изјави неименуван египетски претставник. - Ситуацијата е непроменета во споредба со првиот ден, а израелската и делегацијата на Хамас цврсто се држат до своите ставови - наведе египетски неименуван претставник. Преговорите за завршување...

Владата на Сирија и Курдите постигнаа договор за сеопфатно примирје

Сирискиот министер за одбрана Мурхаф Абу Касра и командантот на Сириските демократски сили (СДФ), поддржани од САД, генерал Мазлум Абди, денеска договорија сеопфатно примирје на сите фронтови во северна и североисточна Сирија. Мировниот договор веднаш стапува во сила. Неодамнешните судири помеѓу двете страни фрлија сенка врз значајниот договор потпишан во март помеѓу СДФ, предводени од Курдите и новата сириска Влада предводена...

Завршни зборови на Мерко за незаконското поставување директор во Велешта, пресудата в понеделник

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко денеска во Основниот суд во Струга даде завршни зборови во случајот со незаконското поставување директор во основното училиште „Зини Хани“, предмет во кој се води постапка и против Егзона Шеј, која во два последователни мандати ја извршувала функцијата в.д. директор во тоа училиште, а според обвинението, се товари и за фалсификување исправа. Тој смета дека Егзона...

Русија и Индија започнаа заеднички воени вежби во Раџастан

Russia and India
Русија и Индија започнаа заеднички воени вежби во северозападната индиска држава Раџастан за подобрување на антитерористичките операции - соопшти руското Министерство за одбрана. Руско-индиската вежба „Индра 2025“ се одржува на воениот полигон Махаџан во Раџастан и ќе продолжи до 15 октомври - соопшти Министерството. -Главната цел на вежбите е подобрување на соработката меѓу воените единици на двете земји во борбата против...

Изложба на Никола Пијанманов во Прилеп

„Падот на ангелите“ е изложбата на слики од Никола Пијанманов, што синоќа беше отворена во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, на која уметникот се претстави со 18 дела. На отворањето на изложбата уметникот Никола Пијанманов и Александар Еленин, главен и одговорен уредник на „Стремеж“, водеа дијалог за паднатите, за очајот и за последното возвишено воинство. Еленин пишувајќи...

Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, велат од обвинителство

Двајца обвинители од Основното јавното обвинителство Куманово вршат увид на местото на оружениот инцидент во центарот на Куманово, во кој е повредено едно лице. Според ЈОРСМ, првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но обвинителството ги проверува сите околности. -Во однос на настанот во Куманово, двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово излегоа на лице место...

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман, две лица лишени од слобода

По добиени сознанија за можен нехуман третман на стари лица – корисници на услуги за вон-семејна заштита, Основното јавно обвинителство Скопје, информира дека во координација со Министерството за внатрешни работи, Единица за економски и компјутерски криминал, презема дејствија за расчистување на случајот. -Откако беа прибрани доволно информации кои ги потврдуваат основите на сомнение, вчера беа извршени претреси на четири локации...

Ристевски вечерва гостува во „Атма поткаст“

М-р Никола Ристевски вечерва гостува во „Атма поткаст“ на тема „Препознајте го окултизмот во маркетингот - Симболи и сублиминални пораки“. Ристевски го подготвува Фељтонот во „Нова Македонија“ на тема Маркетинг и пропаганда: Прилози кон проучувањето на историјата на маркетингот, маркетиншката мисла, рекламата и пропагандата.  

Повредениот од пукањето во Куманово вон животна опасност, пренесен на скопските клиники

Повредениот од денешното пукање на улицата „Димитрија Туцаковиќ“ во Куманово е вон животна опасност. По завршените иследувања во Општата болица е пратен за Скопје, информираше за МИА, директорот на Кумановската општа болница, Сашо Стошевски. -Лицето е примено со четири прострелни рани во пределот на левата подлактица и десно колено. Направени се сите иследувања од наша страна-рендген, компјутер. Лицето е вон...