Евакуирани се сите алпинисти што беа блокирани на Еверест
Спасувачите синоќа евакуираа сите останати лица кои беа блокирани во близина на источната страна на врвот Еверест во Тибет, меѓу кои и стотици локални водичи и пастири на јакови, со што заврши една од најголемите спасувачки операции во регионот.
Стотици алпинисти беа блокирани од длабок снег за време на викендот во изолираната долина Карма, откако невообичаено силна бура го прекри...
Уапсени двајца скопјани осомничени за пожар на камиони и кола
Министерството за внатрешни работи информира дека на осми месецов во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје на општина Аеродром во Скопје биле опожарени товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки и товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на правно лице од Скопје и патничко...
Цивилизацијата како рана (5)
При крај сме, драг читателу, на нашата прилично долга пловидба низ морето со име Цивилизација со префиксот Западна. Морето како факт од чија чорба, како што вели Дарвин, настанал живиот свет, вклучувајќи го и чудото Човек, кое еволуционистичката теорија му го одзема на Бог. Морето што како фигуративна слика, имено, и можеби најубаво ја илустрира таа теорија на опстанокот,...
Истрага за злоупотреби и малтретирање на стари лица во приватни домови за сместување
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени за кривични дела – продолжена Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 и Малтретирање во вршење на службата од член 143 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО.
- Со дејствијата што...
Меркел – последната изворно-европска надеж
Автодеструктивните бриселски политики ги воскреснуваат политичарите од вистинскиот европски ков
Драматичната ситуација во која се наоѓа Европа очигледно е сигнал за поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која ги препозна недостигот од визија за Европа и лидерство во ЕУ, загубениот политички компас на Брисел, тенденциите да се прекинат врските со изворните принципи на европската заедница... Од тие причини, таа деновиве...
Се урна зграда во реновирање во Мадрид, четири лица загинаа
Четири лица загинаа откако се урна зграда во реновирање во центарот на Мадрид, објави државниот радиодифузер RTVE рано утринава, повикувајќи се на службите за итни случаи кои велат дека сите тела се пронајдени, пренесе ДПА.
-Две тела беа пронајдени во урнатините доцна синоќа, речиси 10 часа по несреќата, изјави градоначалникот на градот, Хозе Мартинез Алмеида. Уште две беа пронајдени и...
Зеленски ја обвини Русија дека со дронови ја дестабилизира Европа, Путин истакна дека останува посветен на воените цели во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека се обидува да ја дестабилизира Европа преку употреба на дронови за саботажа и нарушување.
Во своето видео обраќање Зеленски синоќа рече дека Москва ја користи својата таканаречена „флота во сенка“ не само за финансирање на војната преку транспорт на нафта со танкери, туку и за саботажа и разни напори за поткопување на...
Десет дена изборна кампања, партиите продолжуваат со митинзи и средби со граѓаните
На десеттиот ден од изборната кампања за Локалните избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври, политичките партии, коалициите и независните кандидати продолжуваат со своите активности на терен – со митинзи и директни средби со граѓаните во повеќе градови и општини низ државата.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе ги претстават своите кандидати во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош,...
Мелони заедно со уште двајца министри обвинети од Меѓународниот кривичен суд заради поддршката на Рим Израел
Италијанската премиерка Џорџа Мелони синоќа изјави дека таа и уште двајца министри се обвинети од Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради поддршката на Рим за Израел.
- Јас, министерот Крочето (Гвидо, министер за одбрана), министерот Тајани (Антонио, министер за надворешни работи) и верувам дека извршниот директор на Леонардо, Роберто Чинголани, станавме предмет на тужба од МКС за соучество во геноцид. Не...
Денес се очекува да биде објавена пресудата против трите лица за дивите депонии во Вардариште
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата против три лица за кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, со што создале диви депонии на дел од локацијата во Вардариште.
Обвинетите Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи на минатото рочиште признаа вина за стореното дело – загрозување на животната средина и природа со...






































