Во Прилеп лишени од слобода две лица поради „поткуп при избори и гласање“
Локалните избори 2025 се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава. МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Досега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, изјави на прес-конференција портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.
Во 09 часот на улица „Дабничка“...
Шабани: Изборните органи да ги следат насоките од ДИК, медиумите се идентификуваат само со беџ од својата новинарска куќа
Сите изборни органи да ги следат насоките од ДИК и да не ги попречуваат медиумите во извршувањето на нивната работа на терен. На медиумските работници од Македонија не им е потребна акредитација од ДИК за да ги следат изборите, туку тие се идентификуваат едноставно со беџот издаден од нивната новинарска куќа или од новинарските здруженија во државата, апелира портпаролот...
До 13 часот излезеноста на изборите изнесува 20,12 отсто
Излезеноста на локалните избори до 13 часот е 20,12 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Како што информира портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, до 13 часот се пристигнати податоци од 3.207 избирачки места. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристиганти податоците е 1.666.298, а од нив гласале 335.244.
Процентот на избирачки места од кои се пристигнати овие податоци е...
Не е битен само изборниот ден, туку и предизборните процеси, како и тие по изборите, вели Матео Мекачи од ОДИХР
Шефот на Мисијата за набљудување на изборите на ОДИХР за локалните избори во земјава Матео Мекачи денеска изјави дека набљудувачите ги следат сите аспекти поврзани со изборите и истакна дека не е битен само денот на изборите, туку и предизборните процеси, како и процесите по самиот ден на изборите.
Мекачи кој денеска беше на избирачкото место во Основото училиште „Лирија”,...
ЈОРСМ известува за мирен и без поголеми нарушувања изборен процес
До овој момент денешниот изборен ден од Локалните избори 2025 поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес, согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава - информира државното Јавно обвинителство. Посочува дека од почетокот на гласањето утрово, до јавните обвинителства и на посебната електронска адреса [email protected] не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места...
Грабеж во Лувр, музејот затворен за посетители
За време на отворањето на музејот Лувр во Париз изутрината се случил грабеж, соопшти француската министерка за култура Рашида Дати на својот профил на мрежата „Икс“.
- Поради грабежот, донесена е одлука културната установа, музеј Лувр да се затвори за посетители од вонредни причини - се вели во соопштението за медиумите објавено од музејот на таа социјална мрежа, пренесува дневниот...
До 11.15 часот излезеност на изборите е 9,38 проценти, соопшти ДИК
Излезеноста на локалните избори до 11.15 часот е 9,38 проценти, објави Државната изборна комисија (ДИК)
До 11.15 часот пристигнати се податоци од 3.139 избирачки места на кои од вкупно запишани 1.645.583, гласале 154.275 граѓани, односно 9,38 проценти - рече на прес-конференција портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска.
Како што посочи, до ДИК досега нема информации од избирачките одбори за евентуални проблеми...
Регистрирани 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои 15 не се потврдени, соопшти МВР
За време на предизборниот молк, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои шест на подрачје на СВР Скопје, четири на подрачје на СВР Куманово, потоа СВР Велес – три, по два настани на подрачје на СВР Охрид, СВР Штип и СВР Битола и еден на подрачје на СВР Струмица....
Американската војска уништи подморница која со голема количина наркотици пловела кон САД, соопшти Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека американската војска уништила подморница што превезувала голема количина наркотици и пловела кон САД по добро позната рута за трговија со дрога.
- За мене беше чест уништувањето на голема подморница што се користела за трговија со дрога, која се движела кон САД. Американските разузнавачки служби потврдија дека бродот содржел фентанил и други нелегални...
Пуштена бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право во канцелариите на Народниот правобранител
Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
Покрај телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии...






































