Нат­пре­ва­рот за европ­ски­от Су­пер­куп е пред­ви­ден за 12 август, а се сре­ќа­ва­ат Па­ри сен Жер­мен и Астон ви­ла / Фото: ЕПА

ПО СП 2026 И ВО ПРЕСРЕТ НА НОВАТА СЕЗОНА

  • Во следниот период се предвидени повеќе натпревари меѓу тимови од најсилните европски домашни првенства

По Светското првенство, фудбалскиот фокус одново се врти кон клубовите, откако веќе се во тек квалификациите за европските купови, во некои домашни првенства се одиграни првите кола, а некои од најсилните тимови во Европа ги почнаа подготовките и закажаа силни пријателски мечеви во пресрет на новата сезона.
Така, се предвидени повеќе натпревари меѓу тимови од најсилните европски домашни првенства, како, на пример, дуелите Манчестер сити – Интер (1 август, Хонг Конг), Манчестер јунајтед – Атлетико Мадрид (1 август, во Стокхолм), Реал Мадрид – Фиорентина (1 август, Клагенфурт), Челси – Јувентус (5 август, во Хонг Конг), Арсенал – Бетис (5 август, во Даблин), Милан – Интер (5 август, Перт), Астон вила – Баерн (7 август, во Хонгконг), Манчестер јунајтед – Пари сен Жермен (8 август, во Гетеборг), Челси – Милан (8 август во Џакарта), Јувентус – Милан (8 август, Перт), Арсенал – Борусија Дортмунд (9 август, во Лондон), Манчестер сити – Атлетико Мадрид (9 август, во Сеул), Арсенал – Комо (12 август, во Лондон), Манчестер јунајтед – Милан (15 август, во Вроцлав)…
Натпреварот за европскиот Суперкуп е предвиден за 12 август, а се среќаваат европскиот првак Пари сен Жермен и победникот на Лига Европа, Астон вила, во Салцбург. Германскиот Суперкуп е на 15 август (Баерн – Борусија Дортмунд), а таквиот меч во Англија и во Франција е следниот ден (Арсенал – Манчестер сити, односно Ленс – Пари сен Жермен). Првенствата во петте најсилни првенства почнуваат на 15 август (Шпанија), 21 август (Англија и Франција), 22 август (Италија) и на 28 август (Германија). Н.М.