Трамп: Нема да ја загрозам Америка поради Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека решението за украинскиот конфликт е можно само преку политички договор што би отворил простор за економска соработка со Русија, а не преку понатамошно вооружување на Киев. Во интервју за „Фокс њуз“, водено од Марио Бартиморо, тој рече дека нема да ја доведе во прашање безбедноста на Соединетите Американски Држави поради војна што „Америка не...

Приведени две лица во двор на основно училиште во Чаир, се претставувале како набљудувачи

Две лица, Ф.Е. (35) и Н.Е. (44), се приведени денеска во двор на основно училиште на подрачјето на Чаир во Скопје, поради непочитување наредба на овластени службени лица и утврдување на нивниот идентитет. Според МВР, лицата не биле вклучени во изборниот процес, но се претставувале како набљудувачи и се наоѓале во дворот на училиштето. Тие одбиле да се легитимираат при...

Подготвен сум да им се придружам на Трамп и Путин на состанокот во Будимпешта, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека му рекол на американскиот претседател Доналд Трамп за време на состанокот во Белата куќа на 17 октомври дека е подготвен да му се придружи на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта. - Ако навистина сакаме праведен и траен мир, ни се потребни двете страни од оваа трагедија. Како може да има...

До 17 часот излезеноста е 39,61 отсто

Излезеноста на локалните избори до 17 часот е 39,61 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Гласањето се одвива без проблеми и засега не се пристигнати никакви дојави за евентуални нерегуларности или неправилности. Како што информира портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, пристгнати се податоци од 3.221 избирачко место. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристиганти податоците е 1.699.296. Процентот на...

Го нема логото на Независни заедно на листата со кандидати за градоначалници и советници за Центар

Независна листа во Општина Центар поднесе приговор во Државната изборна комисија оти им го нема логото на гласачкото ливче. Според нив, на листата за советници недостасувало логото на групата избирачи, како и на листата за градоначалници. Од иницијативата посочуваат дека тоа е спротивно на членовите 97 став 1 и 98 став 1 од Изборниот законик, со што нивните кандидати биле ставени...

Нетанјаху свика итен состанок за Газа

Премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе ги свика своите врвни помошници на итен состанок попладнево за да разговараат за одговорот на Израел на нападот на Хамас врз војниците на ИДФ претходно денеска и неуспехот на групата да ги врати повеќето од преостанатите убиени заложници, изјави канцеларијата на еден од присутните министри за „Тајмс оф Израел“. Израелски воен претставник во меѓу време изјави...

Зеленски: Подготвуваме одредени чекори на бојното поле

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев подготвува нови воени дејствија на фронтовската линија и решително одговара на секој руски напад. - Денеска добив извештаи од армијата и Службата за безбедност на Украина. Ситуацијата на фронтот, особено во секторот Покровск и соседните области, како и во Купјанск, пограничните области на Харковскиот и Сумискиот регион и во Запорошката област, е под...

Излезеноста до 15 часот е 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Glasanje Lokalni izbori
Излезеноста на гласачите на локалните избори до 15 часот изнесува изнесува 31,16 проценти, а иста излезеност има и на гласачите во Град Скопје. Како што информира на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија Радица Тодоровска Алексовска до направениот пресек во 15 часот пристигнати се податоци од 3.167 избирачки места. Таа истакна дека процентот на избирачки места од кои се пристигнати податоците...

ЗНМ: Да се обезбеди почитување и непречена работа на медиумските работници на гласачките места

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) апелира до Државната изборна комисија (ДИК), општинските изборни комисии и Министерството за внатрешни работи да продолжат да обезбедуваат непречен пристап и услови за работа за новинарите и медиумските работници на сите избирачки места. Професионалното, навремено и точно информирање на јавноста за текот на изборниот процес, како што велат, е од суштинско значење за...

АВМУ: Прекршочни постапки за ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк

Врз основа на извештаи од извршен мониторинг над изборното медиумско претставување, Советот на Агенцијата на денешната 14 седница одлучи да поведе прекршочни постапки против ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк во првиот круг од Локалните избори 2025. Како што соопшти АВМУ, спротивно на Изборниот законик, ТВ Компани 21-М вчера (18 октомври), на првиот ден од...