ВИДЕО: Изјава на јавниот обвинител Џаљаљ Бајрами

Претседателот на привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на постапувањето по евентуални кривични дела поврзани со изборите, јавниот обвинител Џељаљ Бајрами ќе даде изјава за медиумите во врска со евидентираните настани во текот на денешниот ден и натамошната постапка.

Поткуп при гласање, телефонско влијание, фотографирање на гласачки ливчиња – ОЈО испитува кривични дела поврзани со изборите

Јавните обвинителства во текот на целиот ден интензивно го следеа изборниот процес и сите известувања со евентуални индиции за сторено кривично дело поврзано со изборите, информираа од Обвинителството. Оттаму оценуваат дека, генерално, бројот на такви информации кои упатуваат на сомненија за сторени кривични дела е мал во целата држава, а обвинителствата веќе преземаат дејствија за нивно целосно испитување. Според информациите кои...

ДИК на својата веб-страница ќе ги објавува резултатите од изборите

Државната изборна комисија (ДИК) по затворањето на гласачките места, на својата веб страница ќе ги објавува резултатите од денешните локални избори. Првичните резултати избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ДИК ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите. Општинските изборни комисии првичните...

Гласањето се одвиваше мирно и уредно во сите општини, оценуваат од ВРЕДИ

Локалните избори во земјата се одвиваа во мирна и демократска атмосфера, со висока излезност и без поголеми неправилности, оценија од ВРЕДИ. Оттаму велат дека граѓаните испратија јасна порака на доверба кон нивните политики, а очекувањата се дека резултатите ќе ја потврдат таа поддршка. Портпаролот на изборниот штаб на ВРЕДИ, Дритон Суљејмани, на прес-конференција изрази задоволство од текот на изборниот процес,...

Муцунски очекува повеќе гласови и градоначалници од минатите локални избори, ги оцени изборите како демократски

Мирни и демократски избори е оценката на ВМРО-ДПМНЕ за денешните Локални избори. Потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски на првата прес-конференција по затворањето на избирачките места во 19 часот во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека коалицијата што ја предводат ќе победи во најголем дел од општините. Очекуваме, додаде тој, и повеќе гласови и повеќе градоначалници од минатите избори. - Македонија имаше...

Арбер Адеми: НАИ овие избори ги смета за слободни, фер и демократски

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, по завршувањето на гласањето на локалните избори, во седиштето на партијата во Тетово, рече дека коалицијата НАИ овие избори ги смета за слободни, фер и демократски. - Досега е завршен еден многу важен дел од демократскиот процес, но сега започнува другата еднакво важна фаза, фазата на броење, администрирање и зачувување на интегритетот на глас. Затоа...

Излезноста до 18.30 часот на ниво на цела држава е 46,65 проценти

Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18.30 часот е 46,65 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира претседателот на ДИК Александар Кондарк, излегле да гласаат до 18.30 часот 803 091 граѓанин. Обработени се 3 287, односно 94,62 проценти од избирачки места. На овие 3 287 избирачки места запишани се вкупно 1 721 645 граѓани. За...

ВИДЕО: Прес-конференција на ДИК

Glasanje Lokalni izbori
Прес-конференција на Државната изборна комисија (ДИК) за излезноста, тек на гласањето и останати информации за изборниот ден на Локалните избори 2025.

Ако денеска не се избере градоначалник, втор круг ќе има на втори ноември

Glasanje Lokalni izbori
Во 19 часот се затвораат избирачките места, а неофицијалните резултати од Локалните избори што се одржаа денеска се очекува да бидат познати во следните неколку часа. Државната изборна комисија најдоцна за 12 часа по завршувањето на изборите треба да ги објави првичните резултати од гласањето. Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник на општина не го добил потребното...

Гласањето заврши, следува броење на гласовите

Glasanje Lokalni izbori
Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат на oсмите локални избори, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Гласачките места беа отворени...