Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во Центар, Крива Паланка, Пробиштип, регистрирани нарушувања, ќе поднесеме пријави
СДСМ води и очекуваме победа во Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново Облешево, Кривогаштани, Богданци, изјави на прес-конференција во седиштето на партијата генералниот секретар на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ.
- Од досега пристигнати резултати, СДСМ води и очекуваме победа во Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново Облешево,.Кривогаштани, Богданци. Тесна битка е во Неготино, Валандово, Македонска Каменица, Ранковце. Водиме...
Пецаков прогласи победа во Охрид
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, вечерва прогласи победа на денешните избори и втор негов мандат како прв човек на локалната самоуправа.
Пецаков пред медиумите рече дека според податоците со кои располага партијата ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за историска победа со предност од повеќе од десет илјади гласа пред противкандидатот од СДСМ, како втор кандидат според добиените гласови.
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и на...
Денешните локални избори поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера, оцени Тошковски
Денешните локални избори поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера без ниту еден посериозен инцидент или нарушување на јавниот ред и мир, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција по завршувањето на гласањето.
Тошковски истакна дека изборниот ден минал во најдобар ред и дека институциите покажале висок степен на функционалност и одговорност.
– Денеска покажавме дека кога институциите...
Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 51 општина, ВРЕДИ во девет, СДСМ и НАИ во седум, а ДПТ во една
Државната изборна комисија на својата веб-страница почна да ги објавува резултатите од првиот круг на Локалните избори 2025.
Од досега обработени 25,82 отсто од гласовите и податоци од 1 024 Избирачки места од вкупно 3 474 кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 41 општини, Коалицијата ВРЕДИ во девет, СДСМ и Националната алијанса за интеграција по седум...
Арбер Адеми: НАИ победи во прв круг во две општини Липково и Пласница
Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми информираше дека коалицијата Национална aлијанса за интеграција (НАИ) предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ) добила две градоначалнички места уште во првиот круг на гласање. Победиле нивните кандидати во општините Липково и Пласница.
-Во Липково е е завршен изборниот процес и без втор круг на гласање. Нашиот кандидат Ерхан Арифи победи со сооднос 3:1. Исто...
Во Општина Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус
Во Општина Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело кое изнесува 7551 лице, потврди за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија.
Во оваа општина во трка за градоначалник беа тројца кандидати, Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, кој се бореше за четврт мандат, Алил Емрула од Движење за...
ЈОРСМ: Мирен изборен ден со изолирани случаи на поткуп и фотографирање гласачки ливчиња
Најчестите пријави кои јавните обвинителства ги евидентираа за време на изборниот ден се однесуваат на поткуп на гласачи и фотографирање на гласачки ливчиња, информираше Џељаљ Бајрами, претседател на привремената комисија на Јавното обвинителство за следење на постапувањето по евентуални кривични дела поврзани со изборите. Тој изјави дека иако бројот на инциденти е ограничен, обвинителствата низ државата веднаш започнале постапки...
ВМРО-ДПМНЕ: Победа во Охрид, Штип, Радовиш, Сопиште, Ресен, Свети Николе, на прагот е победа во Струмица
ВМРО-ДПМНЕ, според нивниот аналитички центар, објави дека се избрани градоначалници во Охрид, Штип, Радовиш, Сопиште, Ресен, Свети Николе, а дека на прагот е огромна победа во Струмица.
Во и пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва се собираат членови на партијата и веќе е се подготвено за прославување на победата на кандидатите на партијата.
Милошоски: Победа на ВМРО-ДПМНЕ во прв круг во Струмица, Кисела Вода, Охрид, Гази Баба, Штип…
ВМРО - ДПМНЕ во првиот круг од изборите ќе победат и ќе добијат градоначалници во Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Аеродром, Охрид, Ресен, Градско, Василево, Радовиш, Штип, во Струмица, Босилово, Ново Село и Вевчани и Прилеп, најави вечерва членот на Извршниот комитет на партијата Антонио Милошоски повикувајќи се на прелиминарни резултати од Аналитичкиот центар на партијата.
Милошоски истакна дека...
ВИДЕО: Прес-конференција на министерот Тошковски за Локалните избори
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес конференција во МВР за Локалните избори 2025 година.






































