Јанчев: По трет пат Кавадарци избра работа, чесност и резултати
По трет пат Кавадарци избра работа, чесност и резултати - напиша вечерва Митко Јанчев на Фејсбук.
- Соодноста е неверојатна – 7:1 за работа, чесност и резултати. Оваа победа не е само моја, ова е победа на народот, на сите кои веруваат во подобро утре, во фер и посветена работа, во силна Македонија. Ви благодарам од срце за огромната поддршка,...
ВМРО-ДПМНЕ води во Скопје и повеќето скопски општини, СДСМ во Центар, ВРЕДИ во Чаир
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со освоени 41,24 од гласовите според првичните резултати објавени досега од Државната изборна комисија (ДИК). Зад него се Башким Бакиу од ВРЕДИ со 13,12 и Амар Мециновиќ од Левица со 12,09%, потоа Скендер Реџепи од НАИ со 11,84 и Каја Шукова од СДСМ со 10,78%.
Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, исто...
Паунов во Карбинци и Владев во Свети Николе прогласија победа ма ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг
Виктор Паунов од ВМРО-ДПМНЕ по вторпат ќе биде градоначалник на Општина Карбинци. Тој вечерва прогласи победа, а според првичните информации за него гласале 1.376 граѓани, а кандидатката за градоначалник на СДСМ Љубица Соколовска освоила 527. Членовите на ВМРО - ДПМНЕ во Општина Карбинци веќе ја слават победат.
Дејан Владев од ВМРО-ДПМНЕ и во наредните четири години ќе менаџира со Општина...
Касами прогласи победа во првиот круг на Локалните избори во Тетово
Кандидатот за градоначалник на општина Тетово Биљал Касами од ВРЕДИ прогласи победа на Локалните избори и им се заблагодари на граѓаните на Тетово.
-Благодариме Тетово за Големата победа! Бескрајно благодарен. Се гледаме на плоштад во 22:30 часот - напиша Касами на својот Фејсбук профил.
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 55 општини, СДСМ, Вреди и НАИ во 7
Од досега обработени 43,32 отсто од гласовите и податоци од 1.713 избирачки места од вкупно 3.474, според досегашните податоци на ДИК, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 53 општини, Коалицијата ВРЕДИ, СДСМ и Националната алијанса за интеграција во седум општини и Демократската партија на Турците во една општина.
Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ водат во Аеродром,...
Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ можеби ќе освои повеќе од 50 градоначалници
Разликата е некаде 3:1, некаде е 6:1, 7:1, а има општини каде што е 10:1. Во некои општини СДСМ е трета партија. Досега веќе се одбраа градоналаници во Кисела Вода, во Охрид, во Радовиш, Во Гази Баба, во Пехчево, во Делчево, во Ѓорче Петров, во Прилеп, во Битола, во Берово, во Гевгелија, во Сопиште, во Штип, во Бутел, Аеродром,...
Меџити: ВРЕДИ е легитимен победник, време е Ахмети да се повлече
Кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, по првичните резултати од локалните избори, изјави дека ВРЕДИ е легитимен победник во мнозински албанските општини и дека очекува победа уште во првиот круг во Чаир, пред противкандидатот од НАИ, Бујар Османи. Во своето обраќање, Меџити упати и директен повик за оставка до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, оценувајќи...
Јорданов веќе ја прослави победата во Штип
Иван Јорданов е старо-новиот градоначалник на Општина Штип. Вечерва само по час и половина од затварањето на Избирачките места прогласи победа и со членовите, симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ и граѓаните на Штип славеше на Градскиот плоштад „Слобода“. Јорданов се заблагодари на граѓаните на Штип, кои мирно, достоинствено и на демократски начин го дадоа својот глас на осмите по ред...
Ѓорѓиевски води во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Ѓорче Петров и Кисела Вода, СДСМ во Центар, ВРЕДИ во Чаир
Според првичните резултати објавени досега од Државната изборна комисија (ДИК), кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со освоени 41,04 проценти од гласовите. Зад него се Башким Бакиу од ВРЕДИ со 17,05 проценти и Скендер Реџепи од НАИ со 15,56 проценти. Следуваат Амар Мециновиќ од Левица со 10,47 проценти и Каја Шукова од СДСМ со...
ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 53 општини, СДСМ во 8, Вреди во 8, НАИ во 7
Државната изборна комисија на својата веб-страница почна да ги објавува резултатите од првиот круг на Локалните избори 2025.
Од досега обработени 30,68 отсто од гласовите и податоци од 1 278 Избирачки места од вкупно 3 474 кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 53 општини, Коалицијата ВРЕДИ и СДСМ во 8 општини, Националната алијанса за интеграција во...






































