ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, СДСМ во 9, Вреди во 8 и НАИ во 5
Од досега обработени 75,37 отсто од гласовите и податоци од 2.755 Избирачки места од вкупно 3 474, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 52 општини, СДСМ и Коалицијата во 9, Коалицијата ВРЕДИ во 8 Националната алијанса за интеграција во 5.
Кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски води во Куманово, Курто Дудуш од Унијата на Роми во Шуто...
ВИДЕО: Прес- конеференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со прес-конференција за локалните избори.
ВРЕДИ прогласи победа во Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново
Коалиција ВРЕДИ прогласи победа во првиот круг од локалните избори во неколку општини, меѓу кои Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново. Според портпаролот на изборниот штаб на ВРЕДИ, Дритон Суљејмани, резултатите покажуваат „јасна поддршка за нова, чесна и одговорна политика“.
-Денеска граѓаните проговорија јасно, со слободен глас и чист совест тие ставија крај на ерата на една измама и...
ВИДЕО: Прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче
Претседателот на СДСМ Венко Филипче на прес-конференција за локалните избори.
ВМРО-ДПМНЕ води во Скопје и повеќето скопски општини, СДСМ во Центар, ВРЕДИ во Чаир
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, води со освоени 42,64 од гласовите според првичните резултати објавени досега од Државната изборна комисија (ДИК). Зад него се Амар Мециновиќ од Левица со 12,83%, Башким Бакиу од ВРЕДИ со 11,69, потоа Каја Шукова од СДСМ со 11,41 и Скендер Реџепи од НАИ со 10,52% .
Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, исто...
Вреди со предност во девет општини, НАИ во четири – независни кандидати водат во Струга и Студеничани
Според резултатите објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија до 22 часот, кандидатите за градоначалници на Коалицијата Вреди водат во девет општини, додека кандидатите од Националната алијанса за интеграција (НАИ) водат во четири општини.
Коалицијата Вреди води во општините Арачиново, Боговиње, Брвеница, Дебар, Желино, Сарај, Теарце, Тетово и Чаир, додека кандидатите на Националната алијанса за интеграција во Врапчиште, Гостивар, Липково...
Апсолутна победа на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, вели Коњановски
Сакам да прогласам апсолутна победа за градоначалник, но и за Совет на Општина Битола бидејќи во новиот општински Совет ќе имаме апсолутно мнозинство, изјави вечерва кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Битола, Тони Коњановски.
Во своето вечерашно обраќање, Коњановски се заблагодара за поддршката и довербата од битолчани и најави континуирана работа во Општина Битола.
-Благодарам на довербата што ми ја...
Костовски прогласи победа во прв круг во Бутел
Кандидатот за градоначалник на општина Бутел Дарко Костовски прогласи победа во првиот круг на Локалните избори за Бутел.
-Бутел победа во прв круг! 9:1. Благодарам мој народе, Слава на Господ! - напиша Костовски на својот ФБ профил.
Во Дебар во втор круг кандидатот на ВРЕДИ, Меља и независниот кандидат Имери
Според првичните резултати во општина Дебар ќе има втор круг на гласање, а во трка за градоначалничката функција ќе бидат Фисник Меља, од ВРЕДИ поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Рамадан Имери, независен кандидат.
Во штабот на ВРЕДИ се славеше убедливиот резултат во првиот круг во кој Меља, според изборниот штаб освоил 3.226 гласови.
Меља преку објава на Фејсбук се заблагодари на поддршката...
Петар Јанков прогласи победа во Струмица
Кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Петар Јанков, вечерва прогласи победа. Тој во своето обраќање истакна дека по 20 години падна бастионот на СДСМ во Струмица.
-Според податоците од нашиот аналитички центар од обработените 82 отсто од обработените гласови ВМРО - ДПМНЕ води со 12.223 гласови наспроти противникот со 7.908 гласови. Тоа укажува на разлика од повеќе...






































