Излезноста на изборите до 09.15 часот е три отсто
Одѕивот на локалните избори до 09.15 часот е три отсто, а гласале 41.890 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко, споделувајќи податоци од 2.672 избирачки места (76,91 процент) во кои се запишани 1.394.158 граѓани.
Тој повтори дека сите гласачки места се отворени навреме и оти гласањето се одвива без проблеми.
- Досега во ДИК немаме јавување...
Вашингтон пост: Путин го бара целиот Донецк како услов за мир, Трамп воздржан
Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп побарал Украина да ја предаде целосната контрола врз регионот Донецк како предуслов за завршување на војната, ексклузивно дознава американскиот весник „Вашингтон пост“. Американскиот претседател досега јавно не го споменал овој услов.
Според двајца високи функционери запознаени со содржината на разговорите со кои „Вашингтон пост“ бил во контакт, Путин...
Авганистан и Пакистан се договорија за итен прекин на огнот, соопшти катарското МНР
Авганистан и Пакистан се согласија за итен прекин на огнот за време на разговорите што ги организираше Катар - соопшти изутринава Министерството за надворешни работи на Катар.
Договорот следи по продолжувањето на примирјето меѓу двата јужноазиски соседа по една недела жестоки судири.
Министерството за надворешни работи на Катар соопшти дека Авганистан и Пакистан се согласиле за примирје за време на вчерашните...
ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем
Навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање за Локалните избори се спроведува без проблем, соопшти изутринава Државната изборна комисија (ДИК).
Гласањето почна во 7 часот, а ќе трае до 19 часот.
Се гласа на 3.474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.832.415 граѓани.
На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати...
Голем број на демонстранти на протестите ширум САД против политиките на Трамп
Голем број демонстранти се собраа синоќа на протести под слоганот „Без кралеви“ (No kings) ширум Соединетите Американски Држави. Протести се одржаа во Њујорк, Вашингтон, Чикаго, Мајами и Лос Анџелес, и немаше инциденти - објавија денеска американските медиуми.
Според организаторите, протестите биле мирни.
Голем број луѓе излегоа на улиците на градовите и местата низ САД вчера за да го изразат своето незадоволство...
Граѓаните по осми пат избираат локална власт
Во земјава денеска се одржуваат осми Локални избори, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.
Во Избирачкиот список се запишани 1.832.415 избирачи кои треба да гласаат на 3.474 избирачки места во земјата за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10.490 кандидати.
На изборите...
Кој гласа, како се гласа, до кога се гласа, броење на гласови и жалби на Локалните избори 2025
На 3.474 избирачки места во земјава денеска во првиот круг од осмите локални избори можат да гласаат 1.832.415 гласачи. Вчера своето право на глас можеа да го остварат 2.162 затвореници, лицата во домашен притвор, 8.848 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови.
Гласање во дијаспората за локалните избори нема, но доколку лицата кои се на привремена работа...
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.832.415 граѓани
Во 7 часот почна гласањето на осмите локални избори од осамостојувањето на државата. Од Државната изборна комисија (ДИК) за МИА потврдија дека избирачките места се отворени.
Се гласа на 3.474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1.832.415 граѓани.
На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови...
До 20.30 часот гласале 7.935 болни или немоќни лица, а до 18.30 часот гласале 1.400 кои издржуваат казна затвор или притвор
Од вкупно 8.856 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори, до 20.30 часот гласале 7.935 гласачи. Од вкупно 2.162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, до 18.30 часот гласале 1.400 гласачи - соопшти вечерва Државната изборна комисија (ДИК).
Во установите за вонсемејна грижа до 18.30 часот од...
Танкер натоварен со течен природен гас гори покрај брегот на Јемен, соопшти поморската мисија на ЕУ „Аспидес“
Танкер „МВ Фалкон“ натоварен со течен природен гас гори покрај брегот на Јемен, соопшти поморската мисија на Европската унија „Аспидес“.
Танкерот се запали и беше однесен од струите покрај брегот на Јемен откако пријави експлозија што го принуди неговиот екипаж да го напушти бродот - соопшти поморската мисија.
Причината за експлозијата е нејасна, посочуваат од мисијата, додавајќи дека 15 проценти од...






































