Влакевски со Халбергмос го освои Купот на НБЦ
КУГЛАЊЕ - ЕВРОПСКИ КУПОВИ
Во Светскиот куп победи Залаегерсег, во Европскиот куп Раиндорф и во НБЦ-купот Халбергмос, за кој настапи поранешниот македонски репрезентативец Бојан Влакевски
Во европските клупски купови во куглање унгарскиот Залаегерсег победи во Светскиот куп (СК) одигран во Болцано (Италија), германски Раиндорф триумфира во Европскиот куп (ЕК) во Осиек (Хрватска), а во НБЦ-купот во Минхен (Германија) најдобар беше...
Воени труби како кулминација на една партиска изборна кампања
Да замислиме една хипотетичка ситуација, односно дека господинот Али Ахмети е шведски политичар! Каква би била неговата политичка порака? Доколку се земе предвид како функционира шведското општество, Ахмети најверојатно би говорел за социјалната кохезија, соработката низ региони, екологијата и инклузивната политика, неговиот стил на говор ќе биде прагматичен, консензуален и ориентиран кон конкретни мерки и транспарентност, а не...
Изборите рефлектираа зрел демократски капацитет на Македонија
Она што е особено важно е дека првиот круг од локалните избори мина во мирна и демократска атмосфера. Одзивот беше приближно на истото ниво како во првиот круг од локалните избори во 2021 година. Граѓаните очекуваат на овие избори да се изберат луѓе што ќе се зафатат со решавање на нивните проблеми
Македонските граѓани вчера гласаа во првиот круг...
Шлаканицата што ме направи уредник во „Студентски збор“
Вчерашниот изумрен свет
Слушам пред некој ден разговор на девојка и момче, кои одат пред мене и речиси се расправаат: девојката вели дека не сака да работи, за ТАА ПЛАТА. Момчето ја убедува да прифати, зашто студира и секоја паричка е добредојдена. Треба да скршнам лево, и слушам само уште дека: „За 500 евра не правам непотребни движења ни со...
Во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ доби градиначалници во 32 општини, ВРЕДИ во пет, НАИ во четири, а СДСМ во три
Во првиот круг од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ освои градоначалнички места во 32 општини, коалицијата ВРЕДИ во пет, НАИ во четири, а СДСМ во три. Втор круг ќе има во 33 општини, додека во три ќе се повтори гласањето поради недоволен цензус.
Избрани градоначалници во прв круг од ВМРО-ДПМНЕ се Петар Ружински (Берово), Тони Коњановски (Битола), Ристо Манчев (Босилово), Дарко Костовски...
Наука и политика
Пред некоја вечер повторно го гледав филмот „Опенхајмер“. Се појави во време на голем страв од повторна употреба на нуклеарно оружје. Оваа околност придонесе за неговата популарност, но ја замагли и ја потисна во втор план еднакво важната тема што ја обработува - односот помеѓу науката и политиката, кој моментално се истакнува на нашите универзитети.
Овој однос отсекогаш бил сложен,...
Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени
За време на воена вежба по повод 250-годишнината од американскиот морнарички корпус во базата „Камп Пендлтон“ во Калифорнија, дел од обезбедувањето на потпретседателот на САД Џеј Ди. Венс беше погоден од метални шрапнели откако артилериска граната експлодирала над автопат - соопшти сообраќајната полиција на Калифорнија (ЦХП).
Инцидентот се случил за време на вежба со боева муниција над автопатот I-5, каде...
Концерт на трио „Анимато“ на фестивалот „Златна лира“
На „Златна лира“ - Фестивал на музичките уметници на Македонија вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба концерт ќе одржи триото “Анимато“, кое го сочинуваат пијанистката Светлана Димитриевска и флејтистките Даниела Неделковска и Симона Марочковска-Манојловска.
Како што информира организаторот, Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ), на програмата на концертот се композиции од Алексеј Шор, Трајко Прокопиев и...
Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ
Во Скопје ќе има втор круг локални избори, а идниот градоначалник ќе се бира меѓу Орце Ѓорѓиевски од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кои освоија најголем број гласови во првиот изборен круг.
Според податоците на Државната изборна комисија, по пребројани 99,92% од гласовите, за Ѓорѓиевски гласале 91.582 скопјани или 39,43%, а за Мециновиќ...
Вкусот на традицијата – фурна Чаир на Ивица Јованов – ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА
Фотографијата Вкусот на традицијата - фурна Чаир на авторот Ивица Јованов е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
Утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.
„Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата
Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
Вашите авторски фотографии може...






































