Под мотото „Заедно за Гостивар”, граѓаните, Црвениот крст ОО Прилеп, општествено одговорните компании, здруженијата, институциите, политичките субјекти и сите хумани луѓе од Прилеп се обединија во една заедничка цел – поддршка за Гостивар!
Во заедничката акција деновиве беа собрани и испратени повеќе од 6.000 литри флаширана вода, како помош за граѓаните на кои им е најпотребна.
-Прилеп уште еднаш ја покажа својата хуманост, солидарност и подготвеност да помогне кога е најпотребно. Во моменти на предизвик, нашиот град повторно докажа дека знае да биде рамо за поддршка, да сплоти и да делува заеднички -велат од Општина Прилеп,посочувајќи дека секоја донација, секој ангажман и секој гест на добрина имаат непроценливо значење.
Ка.М.































