Секој мировен договор за Украина мора да вклучува решение за корените на конфликтот, истакна Захарова
Секој мировен договор за Украина мора да вклучува решение за корените на конфликтот - изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
- Зборуваме за корените на конфликтот не за да го продолжиме, туку за неговиот исход да биде фундаментален, долгорочен и да гарантира мир - нагласи таа.
-Овој пат за кој зборуваат претседателот на нашата земја (Владимир...
Во секој од нас лежи по еден дон кихот што може храбро да се бори со ветерниците што го опкружуваат
Дијана Имери Илкоска, диригентка и композиторка
„Дон Кихот во Скопје“ е голем дел од мојата лична и професионална преродба, чин на верба и надеж во подобра иднина, но и порака дека во Македонија има вредни луѓе што заслужуваат свое место под сонцето и покрај сите сопки и пакост упатени кон нив, ни сподели Диана Имери
Во фоајето на Националната опера...
Раси на кучиња што ретко лаат
Животни
Иако кучињата се наши најдобри пријатели, нивното лаење понекогаш може да биде иритантно, особено во станбени згради. Иако сите кучиња лаат, одредени раси се по природа тивки, дури и во ситуации што на другите кучиња им предизвикуваат анксиозност.
Кучињата што ретко лаат се полни со самодоверба и се држат до рутина, поради што се чувствуваат сигурно во својата околина. Стручњаците...
Отворен повик за драмски автори за „Драмолетање 2.0“
Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп објавува отворен повик за учество на второто издание на пичинг-форумот „Драмолетање“, кое ќе се одржи за време на 60. издание на фестивалот во јуни 2026 година. По успешното прво издание на форумот „Драмолетање“, кое овозможи простор за афирмација на нови автори и современи драмски текстови, продолжуваме со нов циклус посветен на развивање...
Развиен прв тест за рано откривање мултиплекс склероза
Како хронична воспалителна болест на централниот нервен систем, мултиплекс склерозата зафаќа околу 2,8 милиони луѓе низ светот. Нејзиниот развој е поврзан со имунолошки процеси, кои, меѓу другото, можат да бидат предизвикани од инфекција со вирусот епштајн-бар. Истражувачки тим од Медицинскиот универзитет во Виена разви тест на крвта што овозможува ризикот од развој на мултиплекс склероза (МС) да се препознае...
Јадете полека, ќе бидете поздрави
Еден од проблемите во секојдневниот живот е тоа што многумина од нас живеат брзо, работат брзо, мислат брзо, без време за што било. Времето полека ни недостига и за основните активности како што е јадењето, па џвакаме брзо и голтаме храна без многу размислување. На овој начин живееме стресен и нездрав животен стил.
Штом забавите во јадењето, правите прв важен...
„ЕХО 2025“ ја става во центарот поврзаноста меѓу човекот и природата
Од 20 до 24 октомври, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи 16. издание на ЕХО - фестивал на планински филм, единствениот настан во земјава што ја слави планината преку уметноста на филмот.
Годинава, фестивалот ја става во центарот поврзаноста меѓу човекот и природата, преку внимателно селектирана програма на документарни и авторски филмови од целиот свет.
Отворањето е резервирано за полскиот...
Смолика – највисоката планина од венецот Пинд, која ја одделува Егејска Македонија (исток) од Северен Епир (запад)
Занимливости
Смолика е прекриена со густ растителен свет, каде што се вбројуваат црниот бор, муниката, буката и други широколисни растенија. Под највисоките врвови на планината се сместени и двете Змејски Езера. Помали планински езера има и на други места по планината
Смолика е највисоката планина од венецот Пинд, која ја одделува Егејска Македонија (исток) од Северен Епир (запад). Со надморска...
Што е кармичка врска?
Знаци и стручни совети што не треба да ги игнорирате
Замислете ја оваа ситуација: запознавате некого на некој настан и веднаш летаат романтични искри. Во моментот сте привлечени од таа личност и колку и да звучи клише, повеќе не можете ниту да јадете ниту да спиете. Постојано мислите на таа нова личност и на тоа колку совршено се вклопува...
Змејот е културен симбол значен и за економскиот подем на некои кинески провинции
Меѓународниот фестивал на змејови во Веифанг во кинеската провинција Шандунг, кој се одржува секоја година од 1984 година до денес, е многу значаен дел од кинеското културно наследство. На годинашното издание во април меѓу седумте земји што имале свои учесници е и Македонија, и тоа беше посебно истакнато на прес-конференцијата што се одржа деновиве во Пекинг, на која беше...






































