Во пет од десет скопски општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство во советот

Glasanje Lokalni izbori
Во пет од десет скопски општини ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе имаат мнозинство во советот. Мнозинство советници ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат во општина Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода. Интересно е тоа што во Општина Сарај во прв круг победи Мухамет Елмази од ВРЕДИ, додека мнозинство во советот ќе има НАИ. Во Советот на Општина Аеродром, според обработени 99,90 проценти...

Костадинов бара заминување на раководството на СДСМ, заради изборниот резултат

Час поскоро, секој кој носел одлуки, треба да се погледне во огледало и да признае дека не го бива. И да си оди. Тоа е доблест, чекор со кој ќе се овозможи вистинските луѓе да се интегрираат во партијата и искрено да почнат со работа. Веднаш, уште денес, објави на неговиот фејсбук профил се уште актуелниот градоначалник на Струмица,...

Зеленски и Макрон разговараа за притисокот врз Русија и се согласија да се сретнат во блиска иднина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска телефонски разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон за притисокот врз Русија, а двајцата се согласиле и наскоро да се сретнат. - Сега е вистинското време да се насочи ситуацијата кон крајот на војната, а најважно е целосно да се искористи секоја можност и да се изврши соодветен притисок врз Русија. Притисокот врз оној што ја...

Паднаа серверите на компаниите, апликациите и социјалните мрежи кои соработуваат со „Амазон“

Голем број апликации, веб-страници и социјални мрежи, вклучувајќи ги „Снепчет“ (Snapchat), „Дуолинго“ (Duolingo) и „Роблокс“ (Roblox), од утрово не работат, како дел од дефектот на интернет услугата на трговскиот гигант „Амазон“ (Amazon). Повеќе од 5.000 корисници на „Снепчет“ пријавија проблеми, а „Амазон веб сервисис“ (Amazon Web Services) соопшти дека има „зголемени стапки на грешки и доцнења на повеќе услуги во...

Советот на ЕУ во ноември би можел да донесе одлука за старт на пристапните преговори со Украина и Молдавија, истакна Кос

Европската комисија го заврши скрининг процесот со Украина и Молдавија и веќе во ноември Советот на ЕУ би можел да донесе одлука за почеток на преговорите со двете земји по шесте преговарачки кластери, изјави денеска во Луксембург еврокомесарката за проширување Марта Кос при пристигнувањето на состанокот на Советот за надворешни работи на Унијата. Според неа, двете земји го забрзаа спроведувањето...

Успехот на самитот во Будимпешта е од егзистенцијален интерес за Унгарија, смета Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека за Унгарија е од егзистенцијален интерес мировниот самит во Будимпешта меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин да биде успешен, бидејќи унгарската економија конечно ќе може да здивне и да се врати на растот од пред руско-украинската војна. - Од моментот кога беше објавен мировниот самит во Будимпешта, единственото прашање...

Си Џинпинг го претстави нацртот на новиот петгодишен план за Кина

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска го претстави нацртот на петгодишниот план во кој се наведени целите за земјата и владејачката Комунистичка партија (КПК). Си во говорот на отворањето на пленумот на Централниот комитет на ККП, „ги објасни нацрт-предлозите на раководството на партијата“ за следниот петгодишен план за национален економски и социјален развој, за периодот од 2026 до 2030 година. Новиот петгодишен...

ЕУ размислува за прием на нови членови без право на вето

Европската унија ја разгледува можноста идните членки да се приклучат кон блокот без целосни права за одлучување, вклучително и право на вето, со цел да се забрза процесот на проширување - дознава бриселски Политико од дипломатски извори. Предлогот, кој е сè уште во рана фаза и бара едногласно одобрување од сите 27 земји-членки, би им овозможил на новите држави да...

Во Советот на Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ доби 18 советници, ВРЕДИ, НАИ и Левица по 6, СДСМ 5, ЗНАМ и Искуство за успех по 1 и двајца независни

Според првичните резултати од обработени 99,93% од гласовите во Советот на Град Скопје најмногу советници ќе има ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата 18 советници. По шест советници ќе имаат Коалицијата ВРЕДИ, Националната алијанса за интеграција и Левица. СДСМ ќе има пет, а еден советник ќе има и ЗНАМ. Во 45 члениот совет на Градот Скопје влегуваат и Ристо Пенов од Искуство за...

Во прв круг избрани 44 градоначалници, втор круг ќе има во 33 општини, повторување во три

Glasanje Lokalni izbori
На локалните избори, во прв круг беа избрани градоначалници во 44 општини, додека во 33 ќе се гласа во втор круг. Во три општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Според податоците на Државната изборна комисија, градоначалници во прв круг се избрани во Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир...