ДИК: Навреме затворени сите избирачки места, излезеноста 45,71 отсто
ДИК информира дека точно во 19 часот, согласно Изборниот закон, навреме се затворени сите избирачки места каде што имаше гласање во вториот круг на Локалните избори 2025 година. Гласањето помина без никакви проблеми и потешкотии, изборите беа спроведени согласно Изборниот закон и на сите граѓани им беше овозможено правото на глас, информира претседателот на ДИК Борис Кондарко.
Од вкупно 97,6...
ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје
Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, според првичните резултати добиени од партискиот аналитички центар, водат во Скопје, Аеродром, Пробиштип, Кочани и Валандово.
Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ има речиси тројна предност пред Амар Мециновиќ од Левица во Скопје.
Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ имаат убедлива предност и во Аеродром, Пробиштип, Кoчани и Валандово.
Во вториот круг за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови
Во вториот круг од локалните избори, денеска во 32 општини и во Градот Скопје се гласаше за двајцата кандидати кои во првиот круг добија најмногу гласови, а за градоначалник ќе биде избран кандидатот кој ќе освои поголем број гласови.
Според Изборниот законик, ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во...
Јавното обвинителство: Изборниот ден помина без поголеми нарушувања на изборниот процес во Шуто Оризари
Привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење на евентуални кривични дела поврзани со изборниот процес во текот на денешниот ден го следеше вториот круг од гласањето на локалните избори, а во јавните обвинителства беа организирани вонредни дежурства со цел навремена координација и давање насоки за постапување на надлежните органи.
Изборниот ден помина без поголеми нарушувања на изборниот процес, а до...
Силјановска-Давкова упати две важни пораки
Очекувам денот да биде мирен, да ги заокружиме изборите и потоа градиначалниците и советниците да се фрлат на работа, изјави претседателката Гордана Силјановска-Давкова откако го оствари своето право на глас во основното училиште „Коле Неделковски“ во општина Центар.
Силјановска-Давкова упати две важни пораки - едната дека на локални избори треба да гласаат само луѓе кои имаат постојано живеалиште во општината...
Заврши гласањето, почнува броењето на гласовите
Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат во вториот круг од oсмите локални избори, за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници.
Денеска не се гласаше за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово, и таму постапката ќе се...
Берлинската полиција уапси 22 годишен Сириец за планирање терористички напади во Берлин
Берлинската полиција уапси 22 годишен Сириец за планирање терористички напади во германската престолнина, објави денеска Канцеларијата на државниот обвинител.
Повикувајќи се на извори во безбедносните служби, весникот „Билд“ објавува дека 22-годишниот Абдала Р. планирал самоубиствен напад со експлозивна направа на засега непознат објект во Берлин.
Тој дошол во Германија во 2023 година и побарал азил, кој му бил одбиен, но имал...
ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52
До 17 часот излезеноста во Скопје е 28,52 проценти, а во сите општини низ државава каде што се гласа во вториот круг од локалните избори процентот на избирачи што излегле на гласање е 39,28, соопшти на прес-конференција Радица Тодоровска Алексовска, портпаролка на ДИК. Најголем одѕив на гласање има во Конче (64,44), а најмал во Сарај 8,77 проценти.
Во Скопје до...
Русија внимателно следи што се случува во Венецуела, велат од Кремљ
Кремљ соопшти дека Москва внимателно ги следи настаните во Венецуела, по извештаите дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро побарал радари, авиони и евентуално ракети од неговиот руски колега Владимир Путин.
„Вашингтон пост“, повикувајќи се на внатрешни документи на американската Влада, пред два дена објави дека Мадуро му се обратил на Путин со писмо „во кое бара одбранбени радари, поправки на авиони...
Оддадена последна почит на поранешниот албански премиер Фатос Нано
Со јавни и државнички почести денеска му беше оддадена последна почит на поранешниот албански премиер и историски лидер на Социјалистичката партија, Фатос Нано, кој ќе почива на гробиштата Шара, во Тирана.
Глем број граѓани, албанскиот државен врв, претставници на политичкиот живот, поглаварите на верските заедници, делегации од соседните земји, меѓу кои и на ДУИ, предводена од лидерот Али Ахмети, од...








































