Оддадена последна почит на поранешниот албански премиер Фатос Нано

Со јавни и државнички почести денеска му беше оддадена последна почит на поранешниот албански премиер и историски лидер на Социјалистичката партија, Фатос Нано, кој ќе почива на гробиштата Шара, во Тирана. Глем број граѓани, албанскиот државен врв, претставници на политичкиот живот, поглаварите на верските заедници, делегации од соседните земји, меѓу кои и на ДУИ, предводена од лидерот Али Ахмети, од...

Тензии пред српскиот Парламент откако мајка започна штрајк со глад за нејзиното дете загинато во падот на настрешницата

Тензично е пред српскиот Парламент, каде што Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој е еден од 16-те загинати лани при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, штрајкува со глад од утрово. Имено, таму попладнево пристигна полициско засилување - полициска бригада за разбивање демонстрации, пренесе МИА. Тензиите растат пред Домот на Народното собрание во Белград и...

Ќе бидат уништени и двете преостанати упоришта на Хамас во Газа – во Рафа и Кан Јунис, рече Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на почетокот на неделниот состанок на израелската Влада изјави дека ќе бидат уништени и двете преостанати упоришта на Хамас во Газа, едното во Рафа и другото во Кан Јунис. - Тие ќе бидат елиминирани“, рече Нетанјаху, нагласувајќи дека обидите на Хамас да ги измами Израел, САД и светот не биле успешни - објави „Тајмс оф...

До 15 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 30,26 проценти, а за Скопје 29,94 отсто

До 15 часот излезеноста за локалните избори во земјава е 30,26 проценти, а за Скопје 29,94 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на ниво на државата гласале 208.571 лице или 93,59 проценти на избирачки места од кои што се пристигнати податоци, додека за Скопје гласале 104.182 лица, а податоци се пристигнати...

Мајка на загинато дете во падот на настрешницата во Нови Сад, започна штрајк со глад пред српското Собрание

Мајка на 16-годишно момче кое загина во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад лани, почна денеска штрајк со глад пред Собранието на Србија. Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, еден од жртвите изјави дека „останува во штрајк со глад и нејзините бањара се јасни“. - Сите одговорни за падот на бетонската настрешница мора да бидат гонети и...

На поранешниот војвода од Јорк, Ендрју, ќе му биде одземена и почесната титула вицеадмирал

На поранешниот војвода од Јорк, Ендрју, ќе му биде одземена почесната поморска титула вицеадмирал, една недела откако му беше одземена титулата принц, објави денеска британскиот министер за одбрана Џон Хили. Овој потег доаѓа во време кога кралот Чарлс се обидува да го заврши скандалот околу врската на неговиот брат со осудениот сексуален предатор Џефри Епштајн, објави „Гардијан“. Титулата вицеадмирал му беше...

Новинарите нема да замолчат пред насилниците, јавноста има право да знае, порачаа од ЗНМ

По повод Меѓународниот ден за борба против неказнивоста за злосторства врз новинари, кој се одбележува денес, 2-ри ноември, мрежата Сејф Џурналистс (SafeJournalists) предупредува на загрижувачки регионален тренд: многу пријавени и непријавени инциденти, мал број изречени пресуди и голем број случаи кои сè уште се во постапка. Овие наоди го нагласуваат клучното предупредување — борбата против неказнивоста е заедничка одговорност...

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

Државната изборна комисија денеска во рамки на 151. седница расправаше по два приговори за остварување на право на глас, при што во двата случаи утврди дека лицата се запишани во Избирачкиот список и до 19 часот можат да го остварат своето право и донесе одлука за одземање на акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради постапување спротивно на Изборниот законик...

Девет лица од Косово и Македонија организирале борби со кучиња во битолското село Црнеец

Полициски службеници од СВР Битола синоќа пред полноќ во битолското село Црнеец од слобода лишиле девет лица од Македонија и Косово кои организирале нелегални борби со кучиња. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава за мачење животни. Четворица се од Косово, на возраст од 49, 43, 48 и 53 години, четворица од Битола, на возраст од 51, 41, 43 и...

Членките на ОПЕК+ договараат поголемо производството на нафта

Осум членки на ОПЕК+, Саудиска Арабија, Русија, Обединетите Арапски Емирати, Ирак, Кувајт, Оман, Казахстан и Алжир, денеска треба да се согласат да го зголемат производството на нафта за 137.000 барели дневно за декември. Исто така, можно е привремено да се паузира зголемувањето на производството, пренесуваат агенциите, повикувајќи се на неименувани извори. ОПЕК+ од април ги зголеми целите за производство за повеќе од...