СДСМ со минимална предност пред ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица

Во вториот круг од локалните избори, кандидатката на СДСМ, Соња Стаменкова, оствари тесна победа над кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Димчо Атанасовски, со само 33 гласа разлика. Според преброените гласови, Стаменкова освоила 1.734 гласа, додека Атанасовски добил 1.701 глас. Од вкупно 6.650 запишани избирачи, на гласање излегле 3.609 граѓани, што претставува излезност од 54,3 проценти. Од нив, 224 ливчиња се прогласени за неважечки. Вкупниот...

ДИК: Дејан Митески води во Аеродром, Сотир Лукровски во Карпош, Горан Герасимовски во Центар и Курто Дудуш во Шуто Оризари

Според првичните резултати на ДИК во вториот круг за градоначалници во две од четири скопски општини водат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, во Аеродром и Карпош, во Центар води кандидатот на СДСМ и Коалицијата, додека во Шуто Оризари кандидатот на Унија на Роми и актуелен градоначалник Курто Дудуш. Во Општина Аеродром од обработени 67,23% од гласовите во вториот круг води кандидатот на...

ДИК: Од обработени 80,85 % од гласовите за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски – 59,41%, Амар Мециновиќ – 34,8%

Од обработени 80,85 проценти од гласовите за градоначалник на Град Скопје во вториот круг, според податоците објавени на веб страницата на ДИК, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Орце Ѓорѓиевски има 75.368 глас или 59,41 процент од вкупниот број гласови, наспроти кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ со 44.149 гласа или 34,80 проценти од вкупниот број гласови. Излезноста во вториот круг за...

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1 и ЗНАМ во 1

Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по преброени 69,17% од гласовите, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во 21 општини. Коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН) во четири, СДСМ во 3, Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во една општина, исто како и ЗНАМ. Унијата на Роми води во Шуто Оризари, додека, еден независен кандидат води во Струга. ВМРО-ДПМНЕ води во Град...

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 19 општини, СДСМ во 4, ВРЕДИ во 4, НАИ во 2 и Унија на Роми во 1

Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по преброени 45,35% од гласовите, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во 19 општини. СДСМ води во 4, исто како и Коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН). Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во две општини, а Унијата на Роми има предност во Шуто Оризари. ВМРО-ДПМНЕ води во Град Скопје, Аеродром, Валандово, Виница, Дебарца, Демир Капија,...

ДИК: Од обработени 59,93 проценти од гласовите за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски – 62,65%, Амар Мециновиќ 32,16%

Од обработени 59,93 проценти од гласовите за градоначалник на Град Скопје во вториот круг, според податоците објавени на веб страницата на ДИК, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Орце Ѓорѓиевски има 53.171 глас или 62,65 процент од вкупниот број гласови, наспроти кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ со 27.294 гласа или 32,16 проценти од вкупниот број гласови. Излезноста во вториот круг за...

Покажавме зрелост, достоинство и демократска свест, првпат по подолго време имаме европски избори,истакна Манасиевски

Со гордост можеме да кажеме дека Македонија уште еднаш покажа зрелост, достоинство и демократска свест. Денеска нашата држава помина низ мирни, фер и демократски избори кои се гордост за секој наш граѓанин - изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски на прес-конференција по завршување на гласањето. Тој изрази огромна благодарност на сите граѓани кои излегле на гласање и ја покажале својата...

ВМРО-ДПМНЕ со водство во Скопје и седум општини, според првичните партиски резултати од вториот круг

Според првичните податоци што ги објави ВМРО-ДПМНЕ, нивните кандидати водат во повеќе општини во вториот круг од локалните избори, вклучително и во трката за градоначалник на Град Скопје. Во Скопје, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, според партиските податоци, освоил 34.734 гласови, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, добил 16.835 гласови. Во општина Аеродром, според првичните резултати објавени од ВМРО-ДПМНЕ, кандидатот Дејан...

Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата, истакна Адеми

Потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција која е дел од Националната алијанса за интеграција, Арбер Адеми на вечерашната прес-конференција по завршување на гласањето изрази благодарност до сите граѓани кои денеска го искористиле своето демократско право на глас со одговорност и достоинство. Според Адеми, овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата. -Овие избори беа повеќе од...

Гласањето беше без некои неправилности, оценија од коалицијата ВРЕДИ

Во Централниот штаб на коалицијата ВРЕДИ на прес-конференција, портпаролот Дритон Сулејмани го сумираше изборниот ден. Тој посочи дека процесот на гласање во вториот круг од локалните избори во целина се одвиваше во мирна и демократска атмосфера во сите општини. -Според информациите од теренот, процесот на гласање се одвиваше без некои неправилности и во духот на граѓанска одговорност. ВЛЕН изразува благодарност...