Неготино ја доби првата жена градоначалничка – Марија Нацева
Неготино ја доби првата жена градоначалничка - Марија Нацева - напишаа вечерва од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Неготино на Фејсбук.
- Горди сме што уште една успешна, мудра и упорна жена од нашите редови покажува дека со силна волја, посветеност и чесна работа може да се постигнат извонредни резултати. Нејзиниот успех е пример и поттик за сите жени во...
Димитриевски: Ќе работам за развој на Куманово
Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски заедно со сопартијците од Движењето ЗНАМ-За Наша Македонија и коалициските партнери од ВМРО - ДПМНЕ слави победа на градскиот плоштад во Куманово.
Во изјавата за медиумите Димитриевски рече дека е победа на граѓаните, се заблагодари на вклучените во изборниот процес, се заблагодари на поддршката на граѓаните и во вториот круг и посочи дека ја...
Драганчо Саботковски од ВМРО – ДПМНЕ реизбран градоначалник на Општина Могила
Драганчо Саботковски, кандидат на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ е реизбран градоначалник на Општина Могила.
Саботковски денеска освои 2.070 гласови, со што ја потврди победата на овие локални избори и обезбеди нов четиригодишен мандат.
Старо-новиот градоначалник на Општина Могила, Драганчо Саботковски се смета за голем патриот, чесен човек со високи морални, лични и професионални квалитети, кој се залага за...
ВРЕДИ слави во Тетово: Касами победник, Дурмиши најавува уште посилен втор мандат
Бесар Дурмиши, шефот на изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ за Општина Тетово објави дека Биљал Касами победил со 5.000 гласови повеќе од Бајрам Реџепи.
Тој оцени дека во најголем број тетовски населби имаат победа затоа што граѓаните ја ценат работата на градоначалникот Касами и му дадоа поддршка за втор мандат.
-Граѓаните го кажаа своето мислење и став преку гласање, каде што...
Лукровски прогласи победа: Денеска не победувам јас, победува Карпош
Кандидатот за градоначалник на општина Карпош Сотир Лукроски на својот Фејсбук профил прогласи победа во вториот круг на Локалните избори.
- Драги мои карпошани, вечерва зборувам со срце полно гордост и благодарност. Во оваа кампања не се борев за функција, се борев за доверба. За секој човек кој веруваше дека чесноста, трудот и вистината повторно можат да победат. Денес не...
Кандидатот на ВРЕДИ, Фисник Меља прогласи победа во Дебар
Во Дебар, по вториот круг на гласање вечерва победа прогласи Фисник Меља, кандидат на ВРЕДИ поддржан од ВМРО - ДПМНЕ.
Според изборниот штаб тој освоил над 700 гласови повеќе наспроти неговиот против кандидат Рамадан Имери, кој беше независен кандидат.
Фисник Меља (41) е магистер по ИТ, оженет е и татко е на две деца. Тој е актуелен заменик директор на Управата...
Ги имавме најмирните избори во последните години, истакна Тошковски
Вториот круг од локалните избори во земјава денеска помина во исклучително мирна, фер и демократска атмосфера, без сериозни инциденти и без нарушување на јавниот ред и мир - изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција во МВР поврзана со изборниот процес. Изборниот ден, тој нагласи дека поминал со високо ниво на одговорност од страна на сите...
Од обработени 93 проценти од гласовите за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски – 57,84%, Амар Мециновиќ 36,11%
Од обработени 93,04 проценти од гласовите за градоначалник на Град Скопје во вториот круг, според податоците објавени на веб страницата на ДИК, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Орце Ѓорѓиевски има 88.511 глас или 57,84 проценти од вкупниот број гласови, наспроти кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ со 55.254 гласа или 36,11 проценти од вкупниот број гласови.
Излезноста во вториот круг за...
Златко Ристов останува градоначалник на Конче
Досегашниот градоначалник на Конче од редовите на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата, Златко Ристов и во наредниот мандат ќе ја извршува оваа функција.
Според првични и нефоцијални податоци Ристов победи во вториот круг од изборите за градоначалник на Конче пред Благој Илиев од СДСМ и коалицијата.
На својот Фејсбук-профил Илиев му ја честиташе победата на Ристов и му посака успешна работа.
Левица: Задоволни сме од излезеноста во урбаните општини, исклучок се Чаир и Сарај
Левица е задоволна од излезноста во урбаните средини во Скопје, но исклучок се како што велат од партијата општините Чаир и Скопје, каде има мала излезеност и, како што велат, наводи за поткуп во однос на мотивирање на граѓаните да не излезат на гласање. Во текот на изборниот ден, најголем број од пријавите за забелешки за изборниот процес биле...







































