Неготино ќе биде подобар, попросперитетен и град во кој ќе се живее навистина убаво, истакна Нацева
Неготино ќе биде подобар, попросперитетен и град во кој ќе се живее навистина убаво. Ова го напиша вечерва Марија Нацева на Фејсбук, откако беше избрана за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
- Мое Неготино, испишавме историја. Неготино ја доби првата жена градоначалник. Благодарам за безрезервната поддршка која ја добив изминативе неколку недели и денес. Благодарам и на оние кои не...
ФОТО: Славеничка атмосфера пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје владее славеничка атмосфера откако партијата прогласи победа на нивниот кандидат за градоначалник на Скопје.
Мицкоски: Ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина
Ова е заедничка победа, ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина. Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите надежи и нашата заедничка татковина, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски. Победата на нивниот кандидат во Кичево, рече, е доказ дека Македонија е дом за сите и оти победува соживотот и...
Со освоените општини станавме втора политичка сила во државата, порачаа од ВРЕДИ
Изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ во Тетово на прес-конференција оцени дека сега стануваат втора политичка сила во државата со оглед на добиените општини. Башким Бакиу од изборниот штаб на коалицијата ВРЕДИ рече дека со ова конечно се заокружи промената кај Албанците.
-ВРЕДИ постигнаа убедлива победа речиси во сите општини каде што бевме во втор круг. Од срце ви се заблагодарам...
Тони Тоневски е новиот градоначалник на Пробиштип
Тони Тоневски кандидатот за градоначалник за Општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ вечерва прогласи победа.
Тоневски во своето обраќање пред членовите, симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари на граѓаните и вети дека во наредните четири години ќе ја оправда довербата која му ја дадоа.
-Ќе бидам прв од вас што ќе се бори за сите убави работи што треба да му се случуваат на...
Овие избори се патоказ за иднината на СДСМ, не размислувам за оставка, изјави Филипче
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по завршувањето на вториот круг од локалните избори 2025, им честиташе на граѓаните за достоинственото гласање. Тој истакна дека покрај трите освоени градоначалнички места во првиот круг, СДСМ има победи и во три општини од вториот круг — Центар, Македонска Каменица и Зрновци, и изрази надеж за уште неколку општини каде што разликата во...
ВМРО-ДПМНЕ слави победа во Кичево
ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа и во Кичево
„Победи заедништвото, победи Кичево!“, објави на социјалните мрежи и кандидатот на партијата во Кичево, Александар Јовановски.
Негов противкандидат во вториот круг беше актуелниот градоначалник Фатмир Дехари.
Грозданов прогласи победа во Кочани
Кандидатот на ВМРО – ДПМНЕ во Кочани, Владко Грозданов прогласи победа со 1.400 гласа повеќе од противкандидатот Венко Крстевски, предложен од група граѓани.
- Покрај се што се случи во градот, можам да кажам дека Кочани го одбрани своето достоинство. Покажа дека е за иднина, за мир и просперитет, а не за раволуција и омраза. Ова не е моја победа,...
Илија Тентов е нов градоначалник на Дојран
Според првични резултати Илија Тентов, кандидат за градоначалник на Дојран од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, е нов градоначалник на Дојран по одржаниот втор круг од локалните избори во оваа општина.
Според партиски ивори, Тентов освоил околу 500 гласови повеќе од кандидадот на СДСМ и коалицијата, Ристо Џинев.
Тентов на неговиот Фејсбук профил се заблагодари за довербата од граѓаните.
-Оваа победа не е само...
Неготино ја доби првата жена градоначалничка – Марија Нацева
Неготино ја доби првата жена градоначалничка - Марија Нацева - напишаа вечерва од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Неготино на Фејсбук.
- Горди сме што уште една успешна, мудра и упорна жена од нашите редови покажува дека со силна волја, посветеност и чесна работа може да се постигнат извонредни резултати. Нејзиниот успех е пример и поттик за сите жени во...








































