ВМРО-ДПМНЕ има 55 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 6, НАИ 4, ЗНАМ и УР по 1, а една општина ќе ја води независен кандидат

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според резултати од двата круга на локалните избори, ќе има градоначалници во Скопје и во 54 општини. Втора по бројот на освоени градоначалнички места е коалиицијата ВРЕДИ со девет. Коалицијата на СДСМ ќе има шест градоначалници, НАИ 4, а Движење ЗНАМ и Унијата на Ромите по еден градоначалник. Една општина ќе ја води независен кандидат. На вториот...

Освоивме 30.000 гласови повеќе од првиот круг, ќе бараме измени во Изборниот законик и член во ДИК, рече Апасиев

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на вечерашната прес-конференција оцени дека резултатите од денешниот изборен процес „покажуваат дека опозициските тенденции во земјата се престројуваат позади Левица“. Според партиските пресметки, Апасиев истакна дека кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски освоил околу 3.500 гласови повеќе во однос на првиот круг, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, добил над 30.000...

ВМРО – ДПМНЕ слави победа во Росоман и Демир Капија

ВМРО - ДПМНЕ вечерва слави победа во Росоман и Демир Капија. - Победа, напиша на Фејсбук новоизбраниот градоначалник на Росоман од редовите на оваа партија, Ѓорѓи Крстевски. Според податоците од ДИК, во Општина Росоман од 100 отсто обработени податоци, за Ѓорѓи Крстевски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласале 1.305 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Стојан Николов гласале 1.231 избирач. Честитки...

Тензично пред српскиот парламент во Белград, протести во Нови Сад и други српски градови

Илјадници граѓани на Нови Сад вечерва се упатија кон просториите на владејачката Српска напредна странка, кон главната полициска станица и блокираа делови од центарот на град во протестен марш и во поддршка на штрајкот со глад на мајката на момчето кое лани загина во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Тие прават голема бучава со автомобилски...

Во Општина Лозово победи Бошко Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата

На денешниот втор круг од гласањето на Локалните избори 2025 победа извојува Бошко Цветковски кој си обезбеди втор мандат за градоначалник на Општина Лозово, а e од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“. Неговиот против кандидат Ацо Велковски од Коалицијата за локални избори предводена од СДСМ, кој беше поранешен градоначалник на Општина Лозово во периодот 2017-2021, а кој водеше во првиот...

ДИК ги објави првичните неофицијални резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2025

ДИК ги објави првичните неофицијални резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2025 во 32 општини и Градот Скопје. Претседателот на ДИК Борис Кондарко, информираше дека од обработени 98,25% од избирачките места во вториот круг, гласале вкупно 415.435 избирачи или 41,76 проценти на ниво на цела држава. За градоначалник на Град Скопје во вториот круг за Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ...

Горан Герасимовски прогласи победа во Центар

Горан Герасимовски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Центар, вечерва прогласи победа. „Денес победи прогресивното, модерното, чесното, слободното и правичното, на слободни, фер и демократски избори, изјави Герасимовски заблагодарувајќи им се на сите граѓани кои му ја дадоа довербата. Во своето обраќање, тој нагласи дека вториот мандат за него претставува уште поголема одговорност и обврска. -Да се биде градоначалник е...

Неготино ќе биде подобар, попросперитетен и град во кој ќе се живее навистина убаво, истакна Нацева

Неготино ќе биде подобар, попросперитетен и град во кој ќе се живее навистина убаво. Ова го напиша вечерва Марија Нацева на Фејсбук, откако беше избрана за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. - Мое Неготино, испишавме историја. Неготино ја доби првата жена градоначалник. Благодарам за безрезервната поддршка која ја добив изминативе неколку недели и денес.  Благодарам и на оние кои не...

ФОТО: Славеничка атмосфера пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје владее славеничка атмосфера откако партијата прогласи победа на нивниот кандидат за градоначалник на Скопје.

Мицкоски: Ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина

Ова е заедничка победа, ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина. Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа за кои се бориме, неговите надежи и нашата заедничка татковина, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски. Победата на нивниот кандидат во Кичево, рече, е доказ дека Македонија е дом за сите и оти победува соживотот и...