Откриен еден од осомничените за убиството во Чашка, по другиот се трага
Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека бил соизвршител во кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 од Кривичниот законик, за настанот на 5 ноември, во местото викано Поројница, во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, каде осомничениот заедно со уште едно лице...
Преживување, традиција и вештачка интелигенција
Големите се во позиција да се наметнуваат во сите области од животот. Тие се мејнстрим, ин, најумни, најмудри, најатрактивни, најсилни нај, нај... Без разлика кој од кого ја украл мудроста, дали наши гурбетчии од странците на кои им служеле или тие од нашиве, кажано е дека ако кинисате по бумбарот, може да завршите во измет. Притоа не обидувај се...
ФОТО: Почна чистењето на Скопје и расчистување на Вардариште: Ѓорѓиевски најави дека нема да е место на срам
По неколку недели, кога Скопје беше преплавено со отпад, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечерта излегоа на терен.
„Вечерва стартуваше и акцијата за расчистување на депонијата „Вардариште“. Ова е само првиот чекор кон нашата цел. Наскоро започнува и процесот на одгасување на метанот. Досегашното место на срамот, ќе...
Почна генералката за чисто Скопје
Од пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ вечерва започна големата акција „За 72 часа чисто Скопје“. На платото пред спортскиот центар се наоѓаат десетици камиони, цистерни и механизација подготвени за чистење на Скопје.
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска по преземањето на градоначалничката функција најави дека вечерва од пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе започне големата акција „За 72...
ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ги разгледа и одби како неосновани сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати од гласањето локалните избори во три општини - Брвеница, Шуто Оризари и Карпош.
Претседателот на ДИК Борис Кондарко информираше дека во текот на утрешниот ден ќе бидат изготвени поединечни одлуки за секој приговор и доставени...
Пожар над селото Арнакија во општина Сарај
Во областа над селото Арнакија, во општина Сарај регистриран е шумски пожар на непристапен терен, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи.
На локацијата се присутни екипи на Министерство за внатрешни работи (МВР), а истовремено се известени и Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ – Град Скопје), Национални шуми Караџица, ЕЛС Сарај и Дирекција за заштита и спасување Скопје.
Македонија треба да ги забрза реформите, а Кривичниот законик треба да се измени и во Парламентот, порача Рокас
Вашата земја навистина помина долг пат во евроинтеграциите. Основата ја имате, сега е време да ја надградите со обновена енергија, обединетост и посветеност. ЕУ останува со вас на секој чекор од патот и заедно ја споделуваме истата визија за иднина кадешто земјата ќе го заземе своето вистинско место во европското семејство, како силна, демократска и просперитетна членка - изјави...
ДИК одби уште три приговори за гласање во избирачки места во Шуто Оризари
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница одлучи да одбие како неосновани уште три приговори поднесени од Коалицијата „Твоја Македонија“ преводена од ВМРО-ДПМНЕ во избирачки места во Општина Шуто Оризари. За Општина Шуто Оризари поднесени се 13 приговори, од кои 10 се од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО - ДПМНЕ, а три приговори се од Сојузот на роми.
За...
Почеток на акцијата за чистење, најави Ѓеорѓиевски откако со букет цвеќе ја испрати Данела Арсовска
Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје, каде протоколарно се сретнаа доскорешната градоначалничка Данела Арсовска и новоизбраниот градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.
По средбата, Ѓорѓиевски во изјава за медиумите најави дека вечерва од 20.30 часот започнува акција за темелно чистење на главниот град, со која, како што рече, ја започнува реализацијата...
Во акција на ОЈО ГОКК и МВР, се вршат претреси на повеќе локации поради сомнежи за корупција
Истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР) вршат претреси на повеќе локации низ државата поради сомнежи за корупција - информираат од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
-Во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на Министерството за внатрешни работи (МВР), под раководство на...







































