Поголема количина разновидна наркотична дрога е пронајдена при претрес во напуштени подрумски простории во зграда на подрачјето на Општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека на 8 јули полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно преземени оперативни мерки и активности, извршиле претрес при што биле пронајдени бела грутчеста материја, халуциногени печурки, кеса со поголема количина таблети екстази, марихуана, како и три дигитални ваги.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.




































