Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) привремено ја укина суспензијата на Рускиот олимписки комитет (РОК), што е значаен чекор кон реинтеграцијата на Русија во олимпискиот круг пред Летните олимписки игри во Лос Анџелес во 2028 година, пишува агенцијата „Ројтерс“. ИОК соопшти дека неговиот Извршен одбор (ИО) ја укинал суспензијата, што ќе ги врати руските спортисти на многу меѓународни натпревари, вклучувајќи ги и олимписките квалификации за ЛОИ 2028, но уште не одлучил дали Русија може да ги покаже своето знаме и бои или да ја свири својата химна на Игрите, пишува „Ројтерс“.
Одлуката го означува најновиот чекор на ИОК за олеснување на враќањето на Русија во меѓународниот спорт, откако ги повика федерациите во декември повторно да ги примат руските и белоруските млади спортисти (под 23 години), пишува „Ројтерс“. Рускиот министер за спорт Михаил Дегтјарев изјави дека одлуката на ИОК треба да им го расчисти патот на руските спортисти за целосно враќање на меѓународната спортска сцена. Руските спортисти се натпреваруваа како неутрални на ЛОИ 2024 и на ЗОИ 2026. Г.И.


































