ФУДБАЛ
- Четворицата водечки стрелци, Меси, Мбапе, Холанд и Кејн, се во четврт-финалето, а според разликата во головите меѓу нив тоа е една од најтесните трки за „Златната копачка“ во историјата на СП
Што се однесува до постигнувањето голови, ова е светско фудбалско првенство за сите времиња, откако се чини дека секое големо име во фудбалот се појавува за својата репрезентација, соборувајќи рекорди и создавајќи историја на секој чекор од турнирот, пишува Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).
Аргентинецот Лионел Меси стана најдобар стрелец на сите времиња во натпреварувањето (21 гол досега), а Килијан Мбапе од Франција е веднаш зад него на таа листа (19). Тие се двајца од четирите играчи во трката за „Златната копачка“, секој навидум се изедначува со другиот секојпат кога ќе излезе на теренот. Во 12 од 22 изданија на светските првенства, шест гола на турнирот би биле доволни за да се обезбеди наградата за најдобар стрелец. Сепак, во изданието за 2026 година тоа нема да биде доволно ниту за да се обезбеди третото место на ранг-листата, таков е квалитетот што се прикажува, пишува Интернационалниот олимписки комитет.
Меси води со осум гола и една асистенција, Мбапе седум пати ја затресе мрежата и има две асистенции за соиграчите, а седум гола има и Норвежанецот Ерлинг Холанд. Холанд, без разлика дали ќе ја добие индивидуалната награда, удобно го зацврсти своето име во разговорот за еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња. Напаѓачот на Манчестер сити оди чекор по чекор со фаворитите на турнирот, а ја предводи норвешката селекција на оваа сцена првпат по 28 години, пишува ИОК.
Веднаш зад нив, како четврти кандидат со шест гола и една асистенција е центарфорот на Англија, Хари Кејн. Капитенот на Англија на теренот на стадионот „Ацтека“ го постигна својот шести и најрешавачки гол на турнирот од пенал за да ѝ помогне на својата репрезентација да се пласира во четврт-финалето со победа на дуелот со Мексико со 3-2.
Двајца од овие стрелци го освоија ова признание, и тоа Кејн во 2018 година, а Мбапе во 2022 година, истата година кога Меси беше втор во тесна трка помеѓу двајцата финалисти.
Претходен пат кога едно натпреварување имаше постигнување голови на ова ниво беше во 2010 година, кога тројцата најдобри стрелци, секој со по пет гола, беа одделени според асистенциите. Претходно, во 1962 година, кога Бразил ја освои својата втора титула, признанието за најдобар стрелец беше поделено меѓу шест играчи што постигнаа по четири погодока.
Сите четворица водечки годинава се четвртфиналисти, а барем еден ќе игра во следната рунда, бидејќи Кејн и Холанд ќе се соочат во осминафиналето.
Овие импозантни напаѓачи ја прават трката за „Златната копачка“ една од највозбудливите, ако не и највозбудлива, на сите времиња, пишува ИОК. Н.М.
СП 2026, ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
Лионел Меси 8 1
Килијан Мбапе 7 2
Ерлинг Холанд 7 0
Хари Кејн 6 1
во првата колона се головите, во втората се асистенциите


































