Планината Хуа Шан, Кина, е едно од најопасните места за планинарење во светот. Патчињата се појачани поради големата заинтересираност на туристите, но тие сепак се многу опасни и имаат репутација на фатални катастрофи. Иако нема официјални статистики, се верува дека годишно паѓаат и умираат околу сто луѓе. Патеките на планината Хуа Шан се составени од стрмни скали и вертикални и хоризонтални платформи од штици кои се дирекно закачени на планината.