Од кол на кол…

Како тоа може да си дозволиме да дојдеме до ситуација и него, мислам на Ердоган, како високопочитуван и ценет авторитет да го донесеме да отвора објект на кој статусот не му е докрај расчистен?! Ќе го срамиме и него и себеси што немаме систем, ниту владеење на правото, ниту правна држава, па не може да решиме еден обичен имотноправен спор, а за да ја покриеме својата неспособност, го креваме проблемот на политичко или верско-конфликтно ниво?! Навистина жално

Дали турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе присуствува на официјалното отворање на штотуку реконстриураната Алипашина џамија, која се наоѓа во центарот на старото градско јадро во Охрид?! Оваа дилема се наметна во јавноста откако амбасадорката на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Карапри, при својата посета на Охрид најави дека за свеченото отворање на џамијата ќе дојде лично турскиот претседател Ердоган. Токму турската амбасадорката беше и првата што ја посети џамијата по нејзината реконструкција. Имено, Република Турција беше главен донатор за реконструкцијата на џамијата во Охрид, како дел од историското културно наследство на Македонија.

Иако засега нема официјална најава дали и кога Ердоган би дошол во Македонија, сепак развојот на настаните оди во насока дека таква посета навистина ќе се случи, со оглед на фактот дека турската амбасадорка беше и на средба со претседателот Стево Пендаровски.

Проектот за реставрација на оваа џамија почна пред три години и веднаш ги разбранува охридската и целата македонска јавност. Реконструкцијата беше проследена со серија обвинувања од охриѓани дека се гради надвор од проектот за реставрација, и дека во изградбата (реконструкцијата) се кршат позитивноправните прописи предвидени за градба. И сега, по сѐ, се дојде ли до вистината, се дојде ли до решение? Или сѐ се сведе на политика и политикантство, заемни расправии и игнорирање на законите и прописите? Се дојде до тоа дека меѓународната јавност заклучува дека ние сме верски нетолерантни?! Или, пак, во прашање е нешто сосема друго? Се доведуваме ли во состојба да каниме државен авторитет однадвор, за да го легитимира или уште повеќе, да го легализира објектот?! Како може да си дозволиме да дојдеме до ситуација и него, мислам на Ердоган, како високопочитуван и ценет авторитет да го донесеме да отвора објект на кој статусот не му е докрај расчистен?!

И сега, по сѐ, се дојде ли до вистината, се дојде ли до решение? Или сѐ се сведе на политика и политикантство, заемни расправии и игнорирање на законите и прописите? Се дојде до тоа дека меѓународната јавност заклучува дека ние сме верски нетолерантни?! Или, пак, во прашање е нешто сосема друго? Се доведуваме ли во состојба да каниме државен авторитет однадвор, за да го легитимира или уште повеќе, да го легализира објектот?!

Ќе го срамиме и него и себе си што немаме систем, ниту владеење на правото, ниту правна држава, па не може да решиме еден обичен имотноправен спор, а за да ја покриеме својата неспособност, го креваме проблемот на политичко или верско-конфликтно ниво?! Навистина жално. И згора на тоа, каниме странски висок државник „да ни ги покрие проблемите и немоќта“ и да имаме потоа оправдување дека, всушност, Ердоган го легитимирал и легализирал објектот!?

Затоа што, сакале да признаеме или не, неоспорно е дека присуството на Ердоган на свеченото отворање ќе ѝ даде печат на легалност на реконструкцијата и така барем формално ќе биде затворено ова прашање.

Но од овој пример треба да се извлече поука дека политизацијата на религиските прашања најчесто ги возбудува верските чувства и затоа јавноста мора да ги има сите факти, а институциите да ги спроведуваат неселективно своите надлежности. Исто така, и партиите треба да се држат настрана од прашања што можат да предизвикуваат само поделби.

На крајот, вистинското прашање не е дали некој сепак ќе извлече поука, туку дали сака да извлече поука, а во зависност од одлуката, секој, почнувајќи од политичарите, преку верските заедници, до граѓаните сам треба да си ја понесе одговорноста.

Македонското општество многупати е оценувано како толерантно, но политиката е онаа што често ја злоупотребува религијата. Таквата состојба на долг рок може да го дестабилизира и верски најтолерантното општество, а онаа толеранција и почит, што се наследени од генерациите, ќе ја изгубат моќта да ѝ се спротивставуваат на политиката. Затоа, религиските вредности и вистини, наместо да се ставаат во функција на дневната политика, треба да бидат зауздани со јаремот на општествените вредности како фундамент на слободата и демократијата. Но пред сѐ и над сѐ, дајте ги, ве молам, веќе таа правна држава и владеењето на тоа пусто право!

[email protected]