Сите се победници!

Реални победници и најсреќни повторувачи!
Завршува уште една учебна година.
Сите се победници!
И тие што завршија прва година или, поточно кажано, ги преживеаја новата средина,
новите соученици, новите професори.
И тие од втора и трета година, кои секојдневно се поблиску до полнолетството и матурата.
И матурантите кај кои радоста на иднината е поголема од тагата по минатото.
И професорите, кои секоја година се повторувачи!
Секоја година повторуваат исти знаења на нови ученици.
Стари тактики со нови ликови!
И секоја година се среќни што извадиле уште една генерација
млади луѓе полни со живот, енергија и надеж.
Среќни повторувачи што се составен дел од реалните победници!
До гледање.

Авторот е наставник во СУГС „Браќа Миладиновци“