Пингвините и македонското национално прашање… и европските интеграции!

Интересот за историските вистини и вредности, односно испитувањето на корените на традициите што ги обликуваат личниот и колективниот идентитет во едно општество, секако, е една од кардиналните нишки во процесот на цивилизацијата.
Дебатите, дискусиите, па и вицови за потеклото, постоењето/или непостоењето/ на Македонците и Македонија, со несмалена жестина се одвиваа и во нашиот медиумски преглед порано, но и сите овие триесетина и кусур години. Тие во некоја рака почнуваат да заличуваат на многубројни средновековни теолошки расправи за постоењето на Господ.
Повеќето од нив се во духот на прочуениот хегелијански алгоритам – негација на негацијата во кој постоењето на Македонците се негира и на куб. Постојат голем број докази за постоењето на Господ, тврдат одредени теолошки доктрини, но сето тоа предизвикува одредено сомнение – кај мудрите филозофи. Бидејќи ако за една работа постои еден доказ, сите други не ни се нужни, а ако се повеќе докази тогаш сигурно не се несоборливи – постулираат категорично.
За природата, карактерот и етногенезата на Македонците не може ништо конкретно да се каже, сѐ е тоа само одреден начин на гледање на работите – се обидува да ја сврти дискусијата во стилот на христијанскиот средновековен мислител, атинскиот митрополит Псевдо Дионизие, извесен неосвестен македонски транзициски политичар – мислител. На тоа остро реагира и се спротивставува кралот на артефактите и бардот на македонската преродба, познат археолог. Во духот на модерниот рационализам и доктрината на железните правила на Дејвид Хјум, смирено се залага само за онаа вистина што ја допираме, газиме, гледаме и чувствуваме и живееме.
За врската меѓу пингвините и Македонците долго беше во оптек/ненамерно или смислено / еден од култните стереотипи, вицови – шеги за Македонците, покрај стандардните за тивките, штедливите, трпеливите, чокалии – Трајче Мирче Стојче, Страше, Трпе… Имено, така бил насловен еден од трите реферата на научниците од експедиција, составена од Македонци, Руси и Американци на Антарктикот. По шестмесечен престој и проучување на животот и навиките на пингвините, Русите излегуваат со реферат – влијание на ниските температури врз формата на клунот, Американците со научен труд за бојата на пердувите на пингвините и поларната светлина, а нашите со – Пингвините и македонското национално прашање… и европските интеграции!!

– Нашиот интерес кон антиката не може и ниту го релативизира ниту негира доминантно христијанскиот бит на нашето милениумско и современо постоење.
Религијата е општа теорија на овој свет, негов енциклопедиски компендиум, негова логика во популарен облик, негово духовно упориште, негов ентузијазам, негово духовно упориште, негов ентузијазам, негова морална санкција, негова општа причина за утеха и покајување. Затоа, борбата против религијата е борба против духовната арома на стварноста.
Нејсе, господ и религијата немаат врска едно со друго, бидејќи господ, како и Македонците на овие простори, постојат долго пред религијата и смешните Атласи, дебати и малициозни коментари и ќе постојат засекогаш. Многуслојни беа и се основите и методите на негирање на Македонската православна црква, но трпеливоста, истрајноста и вера во правдината ги огреa македонските верници.
Триесетина години во познатиот стил негација на куб, кој сега е проширен до ента степен, се води деструктивна кампања, се негира и оцрнува сѐ и сешто, градби, инвестиции, плати, пензии, субвенции, здравство, образование, социјална политика. Се излицитира и поигра со името на државата Република Македонија, јазикот, се воведе двојазичност на целата територија се проблематизираат мостовите, фонтаните, спомениците градбите што се изградија – биле скапи, глупави, несоодветно потрошени пари на граѓаните. Реформите што се случија не се вистински, туку виртуелни – инвестициите се фантомски и непродуктивни и се работело за ситни пари, субвенциите се перфиден поткуп на земјоделците, целиот систем е лажиран, партизиран и е за никаде. Живејачката во Македонија е преживување и пропаѓање. Младите / па и старите / бегаат, се иселуваат…
Да се биде Македонец, не е привилегија. Тоа е обврска пред предците што се бореа и умираа за македонското име, а ние секојдневно и евтино ги прoдаваме и распродававаме, и името, и македонскиот идентитет, и македонската историја. „Чувајте го и негувајте го македонскиот јазик Симјановски…, а тој ќе ве чува вас“. Така говореше почитуваниот Илија Милчин.

Автор: Аљоша Симјановски