Илустрација/ Фото: Игор Бансколиев

Министерството за здравство информира дека сите јавно-здравствени установи во пресрет на одбележувањето на новогодишната ноќ се подготвени со дежурни екипи за обезбедување на потребната здравствена заштита кај пациентите.

-Со цел избегнување несакани последици како алкохолни труења и сообраќајни незгоди, апелираме до граѓаните да прославуваат мирно и одговорно со консумирање на алкохолни пијалоци во умерени количини и да внимаваат на прекумерното внесување храна. Спречувањето на интоксикацијата со алкохол на новогодишната ноќ е важно за здравјето на поединецот и за здравјето на најблиските – наведува Министерството.

Воедно апелира, да не се користат пиротехнички средства кои може да предизвикаат тешки телесни повреди.