Фото: Официјален инстаграм профил на Волдимир Зеленски

Украинските сили за противвоздушна одбрана уништија пет од вкупно десет беспилотни летала „Шахед“ во текот на ноќта, објави украинската новинска агенција Укринформ, повикувајќи се на прес-службата на украинските воздухопловни сили.

„Рано изутрината на 30 декември 2023 година, руските сили ја нападнаа (Украина) со десет беспилотни летала „Шахед“ од правец на Чауда (Крим). Пет беспилотни летала беа соборени од противвоздушната одбрана во регионите Николаев, Херсон и Хмелницки. Главниот удар беше зададен по линијата на фронтот во регионот Херсон“, се вели во соопштението на прес-службата објавено во апликацијата за комуникација „Телеграм“.