Водата во струмичките села Рич и Белотино повторно е безбедна за пиење, соопшти денеска Општина Струмица, откако најновите лабораториски анализи потврдиле дека таа е здравствено исправна, пренесе МИА.
Според соопштението, од водата биле земени нови примероци, а микробиолошките и физичко-хемиските испитувања покажале дека таа ги исполнува законските и стручните стандарди за безбедност и може непречено да се користи за пиење.
Од Општината потсетуваат дека забраната, која беше воведена вчера, се однесуваше исклучиво на локалните чешми во двете населени места.
Во селото Рич живеат повеќе од 300 жители, додека Белотино има 13 жители.
































