Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури ќе се движат од 10 до 22 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 32 и 39 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува 16 степени, а максималната ќе достигне 36 степени.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), земјава влегува во период на сончево и екстремно топло време под влијание на топол бран. Највисоки температури се очекуваат за време на викендот и во текот на следната работна седмица, кога на одделни места живата во термометарот ќе надмине 40 степени.


































