Фото: Маја Јаневска-Илиева

Ексградоначалникот на Карпош од СДСМ, Стефан Богоев, е назначен за нов директор на Царинска управа. Тој за „Макфакс“ посочува: „Бев консултиран и прифатив“.

Богоев го зема местото на Славица Кутиров, која најпрво беше в.д. директорка поставена 2021 година, па реизбрана во февруари 2022 година. Таа беше прва директорка која доаѓа од редот на вработените во институцијата.

Во неговата биографија стои дека беше пратеник од СДСМ, а потоа и градоначалник на Карпош. Тој е дипломиран економист.