Фото: Маја Јаневска-Илиева

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието попладне ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 7.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 36 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во текот на работната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

-Во делови од земјава ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури – информира Упрвата за хидрометеоролошки работи.