Фото: ЗОО Скопје

За првпат имаме бебиња пингвини и тоа вкупно четири, објавија од скопската Зоолошка градина
Бебињата дојдоа на свет на 6, 7, 8, и 10 јануари годинава од два пара родители.
-Целиот период грижливо ги негуваа, а голем дел од денот со нив проаѓаа и татковците. Состојбата на малите пингвинчиња од видот хамболдт од ден на ден беше следена подеднакво и од нашите зоонегуватели Маја и Војо, како и стручни лица. За да ја доживеете и вие магијата на напредокот и растењето на пингвинчињата во изминатите два месеци, за вас подготвивме видео каде што се прикажани најемотивните моменти од јајца, преку првите прегратки со мајките, па се до денес – објавија од ЗОО Скопје.