Наскоро ќе започне изградба на нов плоштад во срцето на Аеродром. Како што информира градоначалникот на општината, Тимчо Муцунски, просторот зад „Капитол мол“ ќе се уреди со средства целосно обезбедени од буџетот на Општината.
– Проектот опфаќа хортикултурно и партерно уредување на целиот простор, со вкупна површина од 5.000 квадратни метри. Дополнително, во рамките на реконструкцијата старите и дотраени плочки ќе бидат заменети со нови гранитни плочи, а ќе бидат поставени нови современи канделабри, светла со димери, како и нови клупи, канти и друга урбана опрема – информира тој.