Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ деновиве ја реконструираат пешачката патека на булеварот Гоце Делчев пред катната гаража „Судска палата“.
Пешачката патека се реконструира во должина од 300 метри и широчина од четири метри. На вкупна површина од 1.200 квадратни метри се отстрануваат старите и оштетени плочки, а потоа овој потег ќе биде целосно асфалтиран.
Изградбата на нови велосипедски и пешачки патеки и обновувањето на постојните патеки во Скопје се еден од приоритетите на новата градска администрација и овие активности продолжуваат со иста динамика и во наредниот период.