Жителите на главниот град, па и на оние што Нова година ќе ја пречекаат во Скопје, за време на новогодишната ноќ ќе имаат можност да се забавуваат на плоштадот „Македонија“.
Домашни групи и пејачи ќе ги забавуваат скопјани за најлудата ноќ. Како што соопштија градските власти, програмата ќе започне во 21 часот, а ќе настапуваат групите „Нокаут“, „Пука козметика“, „ДНК“ и фолк-пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова, како и диџеј Славе.
Оттаму информираа дека три општествено одговорни компании се одважиле во време на економска и енергетска криза да придонесат за организацијата за свечениот пречек на Нова година.