Фото: Архива

Приватните автобуски превозници примени се на средба во Град Скопје откако вчера најавија дека добиле покана за средба од Градот за денеска во 9 часот.

Тие минатиот понеделник откако не беа примени во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, најавија дека повторно ќе почнат со протест преку блокади од денеска ако не бидат примени и не се најде решение за долгот којшто тврдат дека го има Град Скопје кон нив.

Додека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во вчерашното интервју за МИА, истакна дека треба да се разговара со приватните превозници и да се најде решение со нив.

Средбата не се знае до кога ќе трае, но превозниците се надеваат на добар исход.