Паркинг во скопската населба Аеродром / Фото: Р.З.

Невремето проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер што попладнево го зафати Скопје, предизвика поплавување на улици, подвозници, куќи и дворови, а има и потопени возила. Има и искрешни дрва и гранки, урнати кровови, паднати билборди, семафори.

Силно невреме во Скопје, Велес, Демир Хисар, Свети Николе

Фото: Д.Ј.

Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода.
Од ЦУК информираат дека освен Скопје, од невреме попладнево се зафатени и Штип, Велес, Демир Хисар, Свети Николе.

Возило на Брза помош е заглавено пред подвозникот кај Стоковната куќа Мост / Фото: Р.З.